Vrabotuvanje.com - Google најави промени во пребарувањето
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Google најави промени во пребарувањето

Компанијата Google најави измени во пребарувањето, кои ќе се одразат на содржината која ќе се појави на врвот при пребарување термини и настани.

Google најави промени во пребарувањето

Досега се фаворизираше најновата содржина на одредена тема, но Google тоа сега сака да го промени. На врвот или при врвот на пребарувањето ќе бидат прикажани оригинални приказни за одредена тема, односно напис во кои се откриени информации кои инаку не би биле познати.

Како што објави страната TechCrunch, таквите нови информации секогаш ги пренесуваат и бројни други медиуми, па со текот на времето оригиналната статија се губи меѓу многу други резултати од пребарувањето. Тоа влијае на фактот дека голем број на луѓе воопшто нема да ја прочитаат.

Google тоа сака да го поправи, за новинарите и медиумите кои навистина откриле некоја приказна и напишале оригиналната статија да добијат поголемо внимание од читателите. Исто така, при презентирање на резултатите, пребарувањето ќе го прифати и изворот, односно кредибилитетот на изворот на кој е објавена содржината, а кој ќе зависи од историјата на квалитетното новинарско известување, како и од наградите кои медиумите, односно новинарите ги добиле.

Во подесување на алгоритмот и обука на вештачката интелигенција, кои се клучни за прикажување на најважните содржини, на компанијата Google треба да и помогне глобалната мрежа од повеќе од 10.000 луѓе, кои во компанијата даваат податоци за квалитетот на резултатите од пребарувањето кои се прикажуваат на пребарувачот.

извор: denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде