Vrabotuvanje.com - Кои се најдобрите компании за вработување според LinkedIn?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Кои се најдобрите компании за вработување според LinkedIn?

Без никакви изненадувања, на самиот врв се наоѓаат технолошките гиганти Amazon, Alphabet и Facebook, а помеѓу првите десет се вбројуваат и компаниите Salesforce, Tesla, Apple, Oracle и Netflix.

 

Врз основа на податоци собрани од преку 500 милиони корисници, популарната друштвена мрежа за професионалци LinkedIn објави листа на топ 50 компании каде што американците најмногу сакаат да работат. 
 

Листата е направена врз основна на следните варијабли: бројот на корисници кои ја гледаје и аплицирале на слободните работни места во компанијата, бројот на следбеници и прегледи кои ги има страницата на компанијата, задржувањето на вработените и степенот на невработени кои на LinkedIn сакаат да се поврзат со вработени во компанијата.

Без никакви изненадувања, на самиот врв се наоѓаат технолошките гиганти Amazon, Alphabet и Facebook, а помеѓу првите десет се вбројуваат и компаниите Salesforce, Tesla, Apple, Oracle и Netflix. 

На останатите 40 позиции се споменуваат имињата на добро познати брендови како што се Spotify, Uber, Adobe, Airbnb, Dell, IBM, Samsung и Verizon.

Целата листа може да ја погледнете на следниот линк

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде