Vrabotuvanje.com - Банкротираниот Џејми Оливер ќе отвори нов ланец на ресторани
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Банкротираниот Џејми Оливер ќе отвори нов ланец на ресторани

Групацијата “Џејми Оливер“ објави планови за отворање на 21 нов ресторан до крајот на 2020 година!

Банкротираниот Џејми Оливер ќе отвори нов ланец на ресторани

Познатиот британски готвач Џејми Оливер ќе отвори неколку нови ресторани низ целиот свет само шест месеци откако банкротираше. Тогаш тој одлучи да ги затвори сите ресторани во Британија по што околу 1.000 луѓе останаа без работа.

Меѓутоа, неговите ресторани ширум светот продолжија да работат.

Во моментов, групацијата “Џејми Оливер“ објави планови за отворање на 21 нов ресторан до крајот на 2020 година.

Од нив, најмалку два ќе бидат од новиот тип за “опуштен ручек“ и ќе го носат името Jamie Oliver Kitchen. Тие се очекува да бидат отворени во Бали и Бангкок до крајот на ноември.

Инаку, под групацијата Џејми Оливер во моментов работат 70 ресторани во 27 земји ширум светот.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде