Vrabotuvanje.com - Друштво со ограничена одговорност ќе може да се основа и со 1 евро
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Друштво со ограничена одговорност ќе може да се основа и со 1 евро

Ако имате некоја бизнис идеја, друштво со ограничена одговорност може да основате со основачки капитал од 1 евро

Друштво со ограничена одговорност ќе може да се основа и со 1 евро

Ова е предвидено во предложените измени на Законот за трговски друштва чијшто предалаг е Владата.

Со новиот закон се овозможува основање на друштво со ограничена одговорност со симболичен износ на почетен основачки капитал од 1 евро од страна на лица граѓани кои имаат идеја за водење бизнис, но немаат доволно средства во износ од најмалку 5.000 евра основачки капитал за да отпочнат сопствен бизнис, стои во предложените измени.

Инаку, основаното друштво може да има најмногу до тројца основачи – физички лица, од кои еден треба да биде управител.

Имајќи предвид дека станува збор за друштво со основна главнина од 1 евро, се предлага воведување на посебен режим за финансиско работење во однос на располагање со добивката, како и обезбедување и располагање со задолжителната резерва на друштвото.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде