Vrabotuvanje.com - На 102 години се пензионира најстариот државен службеник во светот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

На 102 години се пензионира најстариот државен службеник во светот

102-годишниот Боб Волмер кој важи за најстар државен службеник во американската сојузна држава Индијана, а и во светот, одлучи да се пензионира по речиси шест децении работа

На 102 години се пензионира најстариот државен службеник во светот

После 58 години работа, американецот Боб Волмер реши да и стави крај на својата кариера како геодет во Министерството за природни ресурси во сојузната држава Индијана. Тој започнал да работи во министерството во далечната 1962 година.

Инаку, ветеранот од Втората светска војна кој се уште работи на терен собирајќи податоци и маркирајќи граници на имотот со кој управува Министерството за природни ресурси одлучил да се пензионира бидејќи како што вели тој “неговото тело конечно му кажува дека е време за пензија“.

Своите пензионерски денови, Волмер планира да ги посвети на читање и земјоделство. Тој исто така планира да отпатува до некои од островите на Јужниот Пацифик каде што ја извршувал својата воена служба со американската морнарица.

Неговиот последен ден на работа ќе биде на 6 февруари.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде