Vrabotuvanje.com - ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Како правилно се држи чаша за вино?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Како правилно се држи чаша за вино?

Постои правилен и погрешен начин како да се држи чаша со вино. Чашите со вино секогаш треба да се држат за столчето на чашата, а не за садот, бидејќи топлината на раката ќе ја зголеми температурата на виното.

ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Како правилно се држи чаша за вино?
Винска чаша правилно се држи за столчето, никако за садот, односно главата на чашата, бидејќи така освен што го сокриваме виното и неговата убавина, го загреваме со нашата телесна температура, а тоа влијае на неговиот вкус. Оставаме и отпечатоци од прсти на чашата, што не е репрезентативно и не е баш убава глетка на масата.

Освен на овој начин, естетски убаво е винска чаша да се држи за подножјето.
 
Каква чаша се користи за бело, црвено и пенливо вино?

За црвено вино одговара винска чаша со поголем сад, бидејќи од ваква чаша со поголем волумен, најлесно се ослободува аромата на црвеното вино. За бело вино одговара нешто потесна чаша, а чашите за шампањ или пенливи вина се најтесни, бидејќи во вакви чаши најдолго се задржува јаглерод диоксидот кој е посебно важен кај овие напитоци.

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде