Vrabotuvanje.com - Само 17 % од Македонците се загрижени да не останат без работа за време на кризава
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Само 17 % од Македонците се загрижени да не останат без работа за време на кризава

Само 17 % од Македонците се загрижени да не останат без работа  за време на кризава

Според направената анкета на Вработување.ком а во врска со прашањето За време на вонредната состојба со Корона вирусот, што најмногу ве плаши?

 33 %  од испитаниците одговориле дека  воопшто не се плашат од затекнатата ситуација туку едноставно чекаат сево ова да помине.

„Со дисциплина и седење дома може да се успее„- коментираат. „Да се држиме на дистанца„ а има и коментари кои велат дека нема потреба да се плашиме се ке помине..„Свеста да ни дојде на место па се ќе помине„ – е заклучокот на еден од анкетираните

Само 17 проценти се загрижени за своето работно место и ја одбрале опцијата  Да не останам без работа. Најмногу ги плаши тоа дали ке земат плата иако одат на работа а неколкумина веќе добиле отказ.Но има и мотивирачки коментар кој вели ако останам без работа ке одам во маркет да работам таму има работа и во оваа состојба.

Најголемиот број односно 48 проценти како свој одговор  ја одбрале  опцијата Да не се разболам јас или некој мој близок

 Коментарите кои пристигнаа се дека им е страв затоа што не му веруваат на здравствениот систем на нашата земја. Друг напишал дека здравјето едниствено нема цена и тоа е најбитно во моментов а има и такви кои се на работа па се плашат да не се разболат одејки кон работното место.

Недостатокот на продукти во маркетоте ги загрижува само 2 %

На нашиот сајт е веже новата анкета со едно од прашањата кое ги мачи многумина:

 Што треба да се направи со киријата на затворените дуќани и фирми за време на кризата?

Вашите одговори ги очекуваме овде

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде