Vrabotuvanje.com - БОРЦИ ВО БЕЛО: Аптеките се тука за вас!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

БОРЦИ ВО БЕЛО: Аптеките се тука за вас!

Аптеките се едни од најпосетуваните објекти деновиве откако се прогласи вонредна состојба и опасноста од Ковид-19. Фармацевтоте се оние кои први излегуваат во пресрет на луѓето, се бараат маски и ракавици се бараат средства за дезинфекции а во исто време се бараат и совети за разно разни проблеми со здравјето.Избегнувањето да се отиде на матичен лекар токму заради препораките да се остане дома, ги прави овие луѓе - Фармацевтоте многу важни во борбата со невидливиот непријател. Сфаќајќи ја својата општествена одговорност и хуман а мисија аптеките ЕУРОФАРМ остануваат посветени на здравјето на граѓаните и #ВОВОНРЕДНАОДГОВОРНИ

БОРЦИ ВО БЕЛО: Аптеките се тука за вас!

Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравје!

Пандемијата со Корона вирусот се уште ја нема доживеана својата кулминација, и периодов секој се обидува на свој начин да придонесе во борбата против Ковид-19. Фармацевтите се дел првата линија на справување со панедмијата и прават се што е во нивна моќ да ги поддржат сите оние кои се засеганти од ситуацијата.

Доказ за константната пожртвуваност се вработените и менаџментот во ЕУРО-ФАРМ кои секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со кризата. Тимот е составен од посветени, висококвалификувани и едуцирани вработени кои се целосно посветени на својата работа.

Веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ како посветена, лојална и општествено-одговорна компанија секојдневно покажува зошто е долгогодишен проверен и доверлив партнер на своите клиенти и соработници.

Уште од самиот почеток на кризата ЕУРО-ФАРМ успева да одговори на сите предизвици со максимална ангажираност на сите вработени. Одржувањето на сите постојни капацитети и овозможувањето непрекинато снабдување со лекови и медицинска опрема до аптеките и населението во државата е нешто што ЕУРО-ФАРМ го прави од самиот почеток на кризата.

Приоритет е обезбедување помош за здравствениот систем, здравствените работници и пациенти

ЕУРО-ФАРМ во изминатиов период е максимално вклучен во помагање на здравствениот систем. Преку донации, аптеката има удел во секојдневното снабдување со потребните лекови (дневна терапија) за сите сограѓани и лица кои се наоѓаат во објектите кои се именувани како Државни карантини. Обезбедени се и помали донации од медицински и хигиенски средства за други јавни, здравствени и социјални институции.

Потпишан е и договор за набавка на 50 медицински кревети кои ќе бидат донирани за потребите на Универзитетската Инфективна клиника во рамките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

ДОСЛЕДНИ НА МИСИЈАТА

ЕУРО-ФАРМ останува максимално посветена во справувањето со моменталната ситуација и се труди целосно да ги одржи во функција сите свои капацитети!

Согласно новите мерки на Владата на РСМ, ЕУРО-ФАРМ известува дека аптеките ќе бидат со ново работно време, односно од понеделник до петок од 07:30 до 15:00 часот (освен тие што работат 24h).

ЕУРО-ФАРМ: Доказ за 18 години квалитет, посветеност, компетентност, знаење и искуство!

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде