Vrabotuvanje.com - Познатиот рисорт на Халкидики-Порто Карас продаден за 205 милиони евра
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Познатиот рисорт на Халкидики-Порто Карас продаден за 205 милиони евра

Познатиот рисорт на Халкидики-Порто Карас продаден за 205 милиони евра
Порто Карас ќе има нов сопственик, бидејќи Техникал Олимпик се согласи да го продаде а туристичко одморалиште на Халкидики на Белера Инвестиции на групата Иван Савидидис за 205 милиони евра.
 
Во цената е вклучен и заемот од 45 милиони евра што го потпишаа сегашните сопственици, семејството Стенгос минатата година, со цел да го задржат одморалиштето во функција. Заемот од 18 месеци сега ќе го врати новиот сопственик.
 
Константинос Стенгос го стекна Порто Карас од Националната банка на Грција во 1999 година.
 
Савидис е исто така сопственик на хотелот „Македонија палас“ во Солун.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде