Vrabotuvanje.com - Во половна комода пронашол 25.000 евра, неговиот потег ќе ве остави без зборови
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Во половна комода пронашол 25.000 евра, неговиот потег ќе ве остави без зборови

Младо момче од околината на Славонски брод веќе една година работи во Германија. Преку оглас на Интернет, тој пронашол комода за во дневната соба па со своите пријатели тргнал по неа. Додека ја изнесувале комодата од станот на човекот од кој ја купил слушнал како нешто се тркала во неа, но сепак мислеле дека се работи за нешто сосема друго.

Во половна комода пронашол 25.000 евра, неговиот потег ќе ве остави без зборови

Кога пристигнал во неговиот стан и ја поставил комодата, ги отворил фиоките и сфатил што има внатре. Во нив имало семејни албуми од поранешниот сопственик, како и неколку коверти со повеќе од 25.000 евра.

Семејни албуми ајде, ама десетици илјади евра! Помислив дека се шегуваат со мене, ми продадоа комода па сега се шегуваат со мене со коверти што намерно ги ставиле таму. Еден беше делумно отворен па нежно го отворив и зедов една банкнота која ја ставив на светло – видов дека е вистинска бидејќи го имаше својот заштитен знак, вели 22-годишниот Петар Гавран за порталот 24sata.hr.

Во моментот не знаел што да направи па се јавил кај семејството од кого ја купил комодата, но тие воопшто не знаеле за парите затоа што станот бил наследен и започнале да ги продаваат работите што биле во него.

Сепак, Петар решил да биде чесен и им признал на сопствениците за она што го пронашол во фиоките, а тие го наградиле за неговата чесност.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде