Vrabotuvanje.com - Манчестер Јунајтед бара „супер фан“ на кој ќе му понуди работа од соништата и 100.000 фунти годишно
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Манчестер Јунајтед бара „супер фан“ на кој ќе му понуди работа од соништата и 100.000 фунти годишно

Манчестер Јунајтед нуди вистинско богатство за својот „супер фан“ кој исто така ќе добие шанса да работи за својот омилен клуб.

Манчестер Јунајтед бара „супер фан“ на кој ќе му понуди работа од соништата и 100.000 фунти годишно

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед е во потрага по „шеф за социјални медиуми“ кој ќе има задача секојдневно да комуницира со над 1.1 милијарди фанови од целиот свет.

Работата на водење на официјалните канали на Јунајтед на социјалните мрежи ќе ја добие некој што е „опседнат со податоци, но и подеднакво оспеднат со нови и интересни начини за поврзување со фановите“, пишува Мирор.

Ова е уникатна можност за аналитичка, организирана и креативна личност која сака да ги води профилите на социјалните мрежи на еден од најголемите светски клубови. Бараме водечки, етаблиран, креативен и високо организиран експерт за социјални медиуми, се наведува во соопштението на Јунајтед.

Идниот менаџер на социјалните медиуми нема да биде задолжен за следење на постовите на играчите, туку директно ќе влијае на содржината во постовите што ќе се објавуваат преку официјалниот профил на Манчестер Јунајтед.

Среќникот кој ќе ја добие оваа работа, освен тоа што ќе работи за својот омилен тим, ќе добие и годишна плата од 100.000 фунти.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде