Vrabotuvanje.com - Забранетиот град повторно отворен за посетители
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Забранетиот град повторно отворен за посетители

Откако три месеци беше затворен за посетители, Забранетиот град – една од најголемите туристички атракции во кинеската престолнина, но и во целата земја – пред неколку дена повторно ги отвори своите врати.

Забранетиот град повторно отворен за посетители

Музејот „Царска палата“ беше затворен за посетители од 25 јануари, а сега, кога пандемијата на коронавирусот во Кина е ставена под контрола, продадени се дури 2.500 влезници во рок од половина час по објавувањето дека посетата ќе биде дозволена, пренесува Гардијан.

Таму, како и во сите други јавни институции, ќе се применуваат посебни правила според кои е можно влегување во зданието.

Заинтересираните посетители треба однапред да ги резервираат своите влезници преку интернет, а на дневно ниво нивниот број е ограничен на 5.000 (претходно беше 80.000) и секој треба да ја покаже својата лична карта и својот здравствен код, кој може да се добие преку апликација на мобилен телефон.

На лицата со телесна температура над 37.3 степени или кои имаат симптоми како кашлица или краток здив, нема да им биде дозволено да влезат, а тие што ќе влезат задолжително треба да носат заштитна маска и да одржуваат физичка дистанца за време на целиот престој во комплексот.

Изложбите во затворен простор и натаму ќе останат затворени.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде