Vrabotuvanje.com - Кој ќе го изеде овој огромен бургер, ќе добие награда од 1.000 фунти!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Кој ќе го изеде овој огромен бургер, ќе добие награда од 1.000 фунти!

Овој бургер беше хит уште пред да постои предизвикот, без оглед на неговата цена од околу 40 евра.

Кој ќе го изеде овој огромен бургер, ќе добие награда од 1.000 фунти!

Љубителите на бургери, ќебапи и сендвичи кои лесно излегуваат на крај со големите оброци ќе сакаат да навратат во Кебапистан, турски ресторан за брза храна во Престон, северозападна Англија.

Тие што сами ќе успеат да ја изедат оваа (види фото) плескавица со помфрит за 10 лица ќе добијат награда од 1.000 фунти или околу 1.120 евра.

За жал или за среќа, наградата е во форма на ваучер што треба да се потроши во ресторанот.

Бургерот со големина на пица тежи нешто повеќе од 2 килограми, а покрај телешкото месо и џиновското лепче, содржи и зелена салата, сирење и домат и доаѓа во комбинација со помфрит.

Овој бургер беше хит уште пред да постои предизвикот, без оглед на неговата цена од околу 40 евра.

Ресторанот Кебапистан од време на време поставува предизвици и натпревари за сите кои имаат стомак и брзина да ги прифатат истите. Последниот пат, победникот изеде врап од 90 сантиметри за само 9 минути.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде