Vrabotuvanje.com - Kaiser Marketing - компанија каде секој вложен труд се цени и вреднува - Интервју со Кадир Рушиди МЕНАЏЕР
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Kaiser Marketing - компанија каде секој вложен труд се цени и вреднува - Интервју со Кадир Рушиди МЕНАЏЕР

Кадир Рушиди е вработен на менаџерска позиција во Kaiser Marketing. Една година е дел од тимот, а веќе напредувал од оператор во менаџер. Го прашавме за неговото искуство во компанијата, за можностите за напредок, за она што Kaiser Marketing го нуди како работодавач...

Kaiser Marketing - компанија каде секој вложен труд се цени и вреднува - Интервју со Кадир Рушиди МЕНАЏЕР

Кажете ни нешто повеќе за Вашите почетоци во Kaiser Marketing, како дознавте за можноста за вработување во компанијата и кои беа вашите првични очекувања во врска со работата?

Мојот почеток во компанијата Kaiser Marketing беше многу интересен. За оваа компанија дознав преку оглас и веднаш аплицирав за позицијата оператор. Бев повикан на интервју и веднаш ја добив работата. На почетокот немав некои посебни очекувања во врска со работата, но се испостави токму спротивното, многу напредував, па така од позицијата оператор дојдов до позиција на менаџер.

Работите на менаџерска позиција. Со колкав тим раководите и кои се вашите работни обврски?

Денес, како менаџер раководам со тим кој се состои од 10 до 20 оператори. Моите работни обврски се да им помагам на операторите и да вршам контрола над нивната работа. Секој ден е нов предизвик, кога работиш со луѓе и во динамична компанија во која брзо се напредува. Но, токму во тоа е и убавината на мојата работа. 

KAISER MARKETING: Целосно заштитени, се вративме во нашите канцеларии

Што беше клучно за да напредувате од оператор во менаџер?

Формулата за успех и напредок во Kaiser Marketing е многу едноставна и транспарентна. Секој вработен кој ќе покаже труд, волја и љубов кон работата може да напредува. Исто така, неопходна е и многу тимска работа и добри релации со тимот. Но, кога се работи со вакви луѓе тоа не е воопшто тешко. Со добар тим позади тебе секој успех е поголем, секој проблем многу помал, а напредокот - загарантиран.

Што сметате дека е Ваш најголем успех во компанијата?

Најголем успех за мене е кога некој од мојот тим ќе го достигне тоа ниво да стане потполно независен од мојата помош. Тоа значи дека одлично ја совладал работата и лесно ќе напредува.

Кажете ни нешто повеќе за Kaiser Marketing како работодавач. Како компанијата се грижи за своите вработени?

Грижата за вработените во Kaiser Marketing е на многу високо ниво. Секој од нас има можност за напредок, мотивирани сме на различни начини, а еден од нив се бонусите. Во Kaiser Marketing секој вложен труд се цени и вреднува. Нашиот тим всушност функционира како едно големо семејство, работиме во пријатна атмосфера и секогаш сме тука еден за друг.

Што би им порачале на кандидатите кои се заинтересирани да ви се приклучат во тимот?

Ќе кажам кратко и јасно - оваа можност навистина не треба да се пропушти!

Запознајте ги Kaiser Marketing: Тим од 35 вработени кои нудат маркетинг услуги на германскиот пазар

Имаш познавање од германски јазик – стани дел од тимот на Kaiser Marketing

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА КОМПАНИЈАТА

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде