Vrabotuvanje.com - Банка по грешка уплати 175 милиони долари, примателот не сака да ги врати
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Банка по грешка уплати 175 милиони долари, примателот не сака да ги врати

Американскиот банкарски гигант Citibank погрешно префрли 175 милиони долари на компанијата Brigade Capital Management, а овој хеџ фонд се уште ги нема вратено парите па целиот случај заврши на суд.

Банка по грешка уплати 175 милиони долари, примателот не сака да ги врати

Како што неведуваат медиумите, од Citibank е поднесена тужба за да се вратат средствата кои, наводно, биле уплатени поради „оперативна грешка“.

Во тужбата на Citibank стои дека нивната намера била да уплатат 1.5 милиони американски долари на Brigade Capital Management на име камата за кредиот што хеџ фондот и го даде на проблематичната компанија за козметика Revlon.

Наместо тоа, Citibank префрли речиси 100 пати повисок износ од потребните средства. Другите доверители на Revlon, исто така, примиле погрешки уплати кои достигнале до 900 милиони американски долари.

Американскиот банкарски гигант беше ангажиран како административен агент за кредитот на Revlon, а како што неведува банката, Brigade Capital Management одбива да ги врати парите кои биле погрешно уплатени на нивната сметка.

Brigade Capital Management неосновано верува дека сумата што сме ја платиле по грешка служи за да го вратиме целиот долг на Revlon, стои во тужбата.

Судот донесе прелиминарна одлука со која му се наредува на хеџ фондот да ги врати парите или да не ги повлекува од сметката до следното рочиште закажано за 31 август.

Секој друг исход ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем и ќе ги награди лошите учесници кои се обидуваат да ги искористат предностите на оперативните грешки, велат од банката.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде