Vrabotuvanje.com - Јавен конкурс: 16 слободни позиции во Министерство за финансии
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Јавен конкурс: 16 слободни позиции во Министерство за финансии

Јавен конкурс: 16 слободни позиции во Министерство за финансии

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 247/2020

за вработување на 17 државни службеници од група I, подгрупа I во Министерство за финансии за следните работни места:

  1. УПР0101В04000 Помлад соработник за првостепена управна постапка, Подрачно одделение за првостепена управна постапка - Чаир, Сектор за управна постапка, Управа за имотно правни работи
  2. УПР0101В04000 Помлад соработник за првостепена управна постапка, Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Велес, Сектор за управна постапка, Управа за имотно правни работи
  3. УПР0101Г04000 Помлад референт за канцелариско, архивско и благајничко работење, Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Куманово, Сектор за управна постапка, Управа за имотно правни работи
  4. УПР0101Г04000 Помлад референт-доставувач, Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Крушево, Сектор за управна постапка, Управа за имотно правни работи
  5. УПР0101В04000 Помлад соработник за првостепена управна постапка, Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Центар, Сектор за управна постапка, Управа за имотно правни работи
  6. УПР0101В04000 Помлад соработник за првостепена управна постапка, Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Карпош, Сектор за управна постапка, Управа за имотно правни работи
  7. УПР0101В04000 Помлад соработник за првостепена управна постапка, Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Охрид, Сектор за управна постапка, Управа за имотно правни работи
  8. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за даночна политика од областа на индиректните даноци, Одделение за даночна политика од областа на индиректните даноци, Сектор за јавни приходи и даночна и царинска политика
  9. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за царинска политика, Одделение за царинска политика, Сектор за јавни приходи и даночна и царинска политика
  10. УПР0101Б03000 Помошник раководител на Сектор за јавни приходи и даночна и царинска политика, Сектор за јавни приходи и даночна и царинска политика
  11. УПР0101В04000 Помлад соработник за административни работи, Одделение за контрола и општи работи, Сектор за централно финансирање и склучување на договори
  12. УПР0101В04000 Помлад соработник-финансиски менаџер, Одделение Национален фонд, Сектор за управување со средствата од инструментот за претпристапна помош - ИПА
  13. УПР0101В04000 Помлад соработник за човечки ресурси и поддршка на службеникот за нерегуларности, Одделение за поддршка на Националниот координатор за авторизација, Сектор за управување со средствата од инструментот за претпристапна помош - ИПА
  14. УПР0101В04000 Помлад соработник за ефективно функционирање на системите за управување и контрола на средствата од ИПА, Одделение за поддршка на Националниот координатор за авторизација, Сектор за управување со средствата од инструментот за претпристапна помош - ИПА
  15. УПР0101В04000 Помлад соработник за работи непосредно поврзани со министерот и државниот секретар, Одделение за поддршка на министерот, заменикот на министерот и државниот секретар, Сектор Кабинет на министерот
  16. УПР0101В04000 Помлад соработник за децентрализирано спроведување на проекти финансирани од ИПА, Одделение за ЕУ јавни набавки и склучување на договори, Сектор за централно финансирање и склучување на договори

Рок за аплицирање: 16.12.2020

Содржината на целиот оглас погледнете ја на овој линк.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде