Vrabotuvanje.com - Старбакс планира да отвори 22.000 кафулиња ширум светот до 2030 година
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Старбакс планира да отвори 22.000 кафулиња ширум светот до 2030 година

Иако веќе има голем број на кафулиња низ целиот свет, Старбакс планира да отвори уште 22.000 во следните десет години.

Старбакс планира да отвори 22.000 кафулиња ширум светот до 2030 година

Компанијата објави дека сега имаат 33.000 кафулиња, а нејзината цел е да има 55.000 до 2030 година. 

Тие исто така планираат да изградат нови видови кафулиња, вклучително и оние за нарачка и купување од автомобили.

Со ова тие ќе бидат конкуренција на кафулиња кои веќе имаат вакви објекти

Иако растеме од големата база, имаме доволно простор да ја прошириме мрежата на ресторани каде нашиот бренд не е достапен, рече Росалинд Бруер, главен оперативен директор на Старбакс, пренесува Кликс

Таа посочи дека со отворање на нови кафулиња ќе се намали притисокот врз постојните. Оваа компанија, како и многу други, се обидува да ги надомести загубите што ги претрпе за време на пандемијата на коронавирусот.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде