Vrabotuvanje.com - Бразилците ослободени од работа за време на Мундијалот во Русија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Бразилците ослободени од работа за време на Мундијалот во Русија

Државните службеници во Бразил нема да мора да доаѓаат на работа за време на натпреварите на Фудбалската Федерација на Бразил на светското првенство во Русија – објави службениот весник на Бразил Diario Oficial da Uniao.

Бразилците ослободени од работа за време на Мундијалот во Русија

Оваа бенефиција се однесува само на вработените во државните институции на Бразил. Причината за ова е временската разлика помеѓу Бразил и Русија поради која голем дел од натпреварите на Бразил ќе се играат во текот на работното време.

Во деновите кога натпреварите на бразилската фудбалска федерација ќе се играат наутро по локално време, државните слуќбеници ќе може да доаѓаат на работа од 14 часот напладне, а кога натпреварите ќе започнуваат попладне, тие ќе може да излезат од работа во 13 часот.

Пропуштените работни часови вработените во јавниот сектор ќе мора да ги надокнадат по завршувањето на првенството.

За вработените во приватниот сектор важи правилото дека самата компанија треба да одлучи дали на своите вработени ќе им дозволи да не доаѓаат на работа за време на овие натпревари.

Е тоа е вистинска фудбалска нација!

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде