Vrabotuvanje.com - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА обезбеди нови бенефиции: Приватно здравствено осигурување за сите вработени
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА обезбеди нови бенефиции: Приватно здравствено осигурување за сите вработени

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА склучи договор за приватно здравствено осигурување со што им овозможува на сите свои тековни 860 вработени, но и оние кои допрва ќе му се придружат на тимот, да ги користат без надомест услугите во реномираните приватни здравстени установи!

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА обезбеди нови бенефиции: Приватно здравствено осигурување за сите вработени

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА припаѓа на Групацијата КОСТАЛ, која преку своето технолошки напредно производство, нуди реални можности за професионален раст, развој и усовршување на своите вработени, локално, но и  меѓународнo во рамките на Групацијата.

Во изминатата 2020 година, додека голем број на Компании го намалуваа бројот вработени, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА во услови на редуцирано производство и приходи споредено со планираните ги зачува сите постојни вработувања и активно вработуваше нови. Така, во годината во која сите се соочувавме со ефектите на најголемата здравствена и економска криза досега, во КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА беа реализирани нови 322 вработувања при што инвестициите надминаа износ од 14 милиони евра a продажбите 51 милиони евра (што е зголемување од над 50% споредено со обемот на продажби за 2019 год).

Водени од грижата за здравјето и благосостојбата на своите вработени и нивните најблиски, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА склучи договор за приватно здравствено осигурување со што им овозможува на сите свои тековни 860 вработени, но и оние кои допрва ќе му се придружат на тимот, да ги користат без надомест услугите во реномираните приватни здравстени установи од листата на договорни партнери на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ, како и соодветно покривање на трошоците за лабораториски испитувања, лекови, офталмолошки или стоматолошки здравствени услуги.

Од Компанијата велат дека ова е само заокружување на сето она што КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА го направи изминатите неколку години додека е присутен во земјата, и додаваат дека во 2020 година, било реализирано зголемувањето на платите на вработените и воведување на дополнителни бенефиции, зголемување на регресот на годишен одмор, кој заради финансиските резултати причинети од интензивните инвестиции, Компанијата не е обврзана да го исплаќа, но сепак тоа го прави.

На планот на корпоративната општествена одговорност, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА покрај соработка и помагање на локалната заедница, посебно е активен на планот на образованието на новите генерации, спроведено преку програмите за “Летна студенстска пракса” и “Инженер на тренинг”, со кои им се дава шанса на тековните и штотуку дипломирани студенти од техничките науки да зачекорат по својот иден кариерен пат. Освен тоа, Компанијата е еден од најпроминентните подржувачи на Дуалното образование во земјата.

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА не планира да застане тука, туку напротив, до крајот на 2021 година, во компанискиот бизнис план, она што е зацртано како бројка на вработени е -  1.050!

 Дополнително непрекинатиот инвестициски циклус се очекува да продолжи и годинава со нови 31 милиони евра во напредна опрема и воведување на нови производни линии за Јагуар, Ланд Ровер и Ауди. Сето ова согласно последните финансиски предвидувања за 2021 година ќе резултира со повеќе од двојно зголемување на обемот на продажби споредено со 2020 и достигнување на рекордно ниво од над 105 милиони евра до крајот на оваа година.

6 слободни позиции од КОСТАЛ - Сите огласи се на ЛИНКОТ

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде