Vrabotuvanje.com - Стани дел од тимот на Денталната клиника д-р Маргита Смилева - Бараме СТОМАТОЛОШКА СЕСТРА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Стани дел од тимот на Денталната клиника д-р Маргита Смилева - Бараме СТОМАТОЛОШКА СЕСТРА

Дентал Клиник Д-р Маргита Смилева секојдневно ги поместува границите поставувајќи нови стандарди за успех и совршен стоматолошки третман

Стани дел од тимот на Денталната клиника д-р Маргита Смилева - Бараме СТОМАТОЛОШКА СЕСТРА

Денталната клиника д-р Маргита Смилева е основана во 2006 година како специјалистичка ординација по ортодонција. На самиот почеток, уште при нејзиното основање, Д-р Маргита заедно со нејзината долгогодишна соработничка и десна рака Д-р Алики Лазаревска, ја започнуваат оваа успешна приказна која трае и расте и ден денес.

Со две стоматолошки столици и целосно различен лик од денешниот, ординацијата работи се до 2010-та година. Во тој период, континуираниот пораст на пациенти, ја наметнува потребата од проширување на тимот како и на дејностите со што ординацијата од ортодонтска се трансформира во мултидисциплинарна стоматолошка клиника.

Со цел да се задоволат потребите и успешно да се справи со професионалната проблематика, ординацијата комплетно се реконструира во 2010-та година и добива современ изглед, броејќи четири стоматолошки столици, нов и модерен дигитален рентген како и уште неколку современи стоматолошки апарати и машини.

Сето ова налага тимот постојано да претрпува пораст, па така денес истиот брои 20 вработени. И сето ова е со една цел и замисла, да им се пружи на пациентите максимален комфор и нега изведувајќи интервенции од сите сфери на современата стоматологија.

​Стоматолошката ординација ПЗУ "Др Маргита Смилева" има потреба од
СТОМАТОЛОШКА СЕСТРА


Потребни квалификации:

  • ССС или ВСС
  • не е потребно претходно работно искуство

АПЛИЦИРАЈТЕ НА ЛИНКОТ

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде