Vrabotuvanje.com - Дубровник добива сопствена видео игра
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дубровник добива сопствена видео игра

My Dubrovnik е city building видео игра преку којашто корисникот може виртуелно да се прошета низ хрватскиот туристички град и да ги запознаат тајните на Дубровник.

Дубровник добива сопствена видео игра

Играта, како што пренесува Zimo.dnevnik.hr, преку реалистички 3D детали ги откриваат убавините на овој град и неговите историски приказни, личности, улици, ѕидини и споменици. Играчите на таков начин може да уживаат во улога на градоначалник и да откријат како би управувaле со Дубровник и тоа бесплатно.

Станува збор за симулациска игра којашто нуди широк спектар на предизвици во управување со виртуелен град, слично како во вистинскиот живот.

My Dubrovnik е една меѓу првите во гејминг индустриите што овозможува на луѓето во светот да искусат како е да се движи по улиците низ градот што е под заштита на UNESCO.

Играта претставува проект на адвокатката Викторија Кнежевиќ од Дубровник и нејзиниот тим кои сакале својата љубов кон град да ја споделат со луѓе ширум светот.

 

Извор : https://biznisinfo.mk/

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде