Vrabotuvanje.com - Franck Grupa со седиште во Загреб и над 600 вработени ВРАБОТУВА ВО МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Franck Grupa со седиште во Загреб и над 600 вработени ВРАБОТУВА ВО МАКЕДОНИЈА

Franck Grupa со седиште во Загреб и над 600 вработени ВРАБОТУВА ВО МАКЕДОНИЈА

Franck Grupa е меѓу водечките прехрамбени компании во регионот, која повеќе од столетие создава врвни производи и брендови, комбинирајќи знаење и искуство од претходните генерации со енергијата и новите знаења кои ги донесуваат младите луѓе. Franck Grupa, позицијата на пазарен лидер во категоријата на кафе и чај, ја должи на нашите одлично прифатени брендови. Тие се: во категоријата КАФЕ – меленото кафе Franck кафе Jubilarna, Victoria и Glorija, Guatemala, Costa Rica, 100% Arabica и Franck Crema; еспресо Superiore, Stretto, Classic, Bonus и 125 years; Franck café со бројни новитети; во категоријата ЧАЕВИ – нашите познати Franck чаеви, освежени со новите линии Voćni+Moćni и Superiore Tea. Franck Grupa со седиште во Загреб брои преку 600 луѓе.

Производствени погони имаме во Хрватска и Босна и Херцеговина, а фирми и претставништва во БиХ, Словенија, Словачка, Македонија и Косово. Нашата мисија и долгорочни цели усмерени се на главните чинители: купувачите, вработените и акционерите. Задоволството и лојалноста на купувачите ги постигнуваме преку врвниот квалитет на нашите производи. Нашите вработени развивајќи ги своите потенцијали преку континуирано унапредување на работните процеси обезбедуваат постигнување на планираните деловни резултати и зголемување на вредноста на акционерскиот капитал.


CUSTOMER DEVELOPMENT MANAGER (м/ж)

Место на работа: Скопје/Македонија
Еден извршител

 

Основни надлежности и одговорности:

  • Водење на работењето на пазарите Македонија, Косово и Црна Гора.
  • Воспоставува и одржува конструктивни и професионални односи со дистрибутерите и клучните купувачи на наведените пазари.
  • Осигура правовремена и ефикасна комуникација на целите и плановите на локалните пазари и го следи остварувањето на планираната дистрибуција на Franck обавезниот асортиман.
  • Осигура спроведување на ценовните стратегии
  • Во соработка со раководителот дефинира POS стратегија, одговара за нејзината  имплементација на пазарот и ја организира изработката на POS материјалите
  • Познавање на изработка на продажни калкулации
  • Ја надгледува и координира реализацијата на усвоените планови и буџети за маркетинг во трговијата 
  • Го надгледува теренот и ја прати имплементацијата на плановите зададени на дистрибутерите и за тоа редовно го известува непосредниот раководител
  • Одговара за P&L (добивка и загуба) на наведените пазари
  • Ги презентира на дистрибутеорт правилата и процедурите на работа
  • Осигура редовно пратење на наплатата на побарувањата од дистрибутерите
  • Редовно доставува извештаи по налог на непосредниот раковидител 
  • Ги извршува останатите работи по налог на непосредбниот раководител

 

Од Вас се очекува:

  • Високо образование - економски смер
  • Работно искуство минимум 3 – 5 години, во продажба 
  • Познавање на продажните процеси  
  • Познавање на основните финансиски процеси и поими
  • Познавање на законските регулативи и царинските прописи 
  • Деловна комуникација, исклучителни преговарачки и комуникациски вештини 
  • Способност на одредување на приоритети и аналитичност 
  • Фокусираност и доверливост
  • Управување на односот со купувачите, тимска работа
  • Управување со времето 
  • Познавање на MS Office и Google програмите/апликациите
  • Активно познавање на англискиот јазик, говорен, пишан и вербален
  • Познавање и комуникација на хрватски јазик
  • Возачка дозвола Б-категорија


    ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде