Vrabotuvanje.com - Која е тајната на вкусот за крцкави компирчиња?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Која е тајната на вкусот за крцкави компирчиња?

Која е тајната на вкусот за крцкави компирчиња?

Вкусниот помфрит сигурно е еден од омилените за многу луѓе, но доколку направите повеќе отколку што е потребно, компирот многу брзо омекнува и повеќе не е вкусен како претходно.

Готвачот Бруно Буше кој што за популарен ланец на брза храна работел три години, открил едноставен начин помфритот подолго време да остане свеж и крцкав, а тоа е добро доколку го нарачувате.

За да не ја загуби крцкавоста додека го донесете дома, потребно е да го направите ова:

„Грешката која сите ја прават е таа што ја затвораат ќесата во која што доаѓа храната. Веројатно претпоставуваат дека така затворена ќе остане топла. Но, тоа е погрешно. Тоа што се случува е тоа што од топлината се создава пареа, а тоа ги омекнува компирчињата и тие нема да бидат вкусни и крцкави“, - гласи советот на Бруно. 

 

Извор: https://tocka.com.mk/

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде