Vrabotuvanje.com - Отворено е ново работно место во Стопанска банка АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Отворено е ново работно место во Стопанска банка АД Скопје

Отворено е ново работно место во Стопанска банка АД Скопје
О Г Л А С 
За прием на работник на работно место 
Благајник / Советник за продажба/ Агент за грижа на корисници 
во Регион Скопје / Контакт Центар 


Благајникот е одговорен за навремено и ефикасно услужување на клиентите на благајна во филијалата, одговорен да обезбеди точно и сигурно реализирање на готовинските и безготовинските трансакции на клиентите, зема учество и придонесува за продажбата и промовирањето на производите на Банката, обезбедува висок квалитет на услуги. 

Советникот за продажба е одговорен за ефективна промоција и продажба на производите и услугите на Банката, зголемување на базата на клиенти на Банката, максимизирање на профитабилноста и зголемување на продажбата на производите и услугите на Банката преку вкрстена продажба и реализирање на поставените таргети, обезбедување на високо ниво на задоволство на клиентите. 

Агентот за грижа на корисници во Контакт Центар одговара на дојдовни повици и иницира излезни повици, извршува трансакции преку сервисот Телефонско банкарство, одговара на поплаки/прашања, забелешки од клиентите поврзани со производите и сервисите на Банката. 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации: 

  • ВСП - економски факултет, бизнис администрација, организациски менаџмент, менаџмент на информациски системи, и правни науки или друга сродна област
  • За работното место Советник за продажба, работното искуство од најмалку 1 година во областа на продажба ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик - поседување на соодветен сертификат за IELTS, TOEFL ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на Microsoft Office
  • Обуки за продажба и грижа за клиенти - поседување на соодветен сертификат ќе се смета за предност
  • Тимска работа


Лични карактеристики на кандидатот: 

  • Развиени комуникациски вештини, продажни вештини, моќ на убедување
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за прилагодување на динамичната работа во филијалите и на потребите на различните клиенти кои ја посетуваат филијалата
  • Подготвеност за извршување повеќе активности истовремено и во кратки временски рокови
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.


Банката обезбедува минимална почетна плата во месечен нето износ од 18.000,00 МКД 

ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде