Aktualno
-
Минатата година рекордна за туризмот во Грција – земјата ја посетиле речиси 36 милиони туристи
– Во 2024 година Грција ја посетиле речиси 36 милиони туристи, бројка што е за 9,8 отсто повисока споредбено со една година претходно, а зголемување има и на приходите од туризмот, со што минатата година е рекордна за грчкиот туризам, согласно податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
-
Црешите скапи, лубениците изгор – колку ќе плаќаме за овошје ова лето?
Македонските граѓани со загриженост ги следат цените на пазарите, прашувајќи се дали ова лето ќе можат да уживаат во свежите сезонски овошја без да им „проплаче“ паричникот. Минатогодишните поскапувања на храна и растот на животните трошоци веќе оставија трага врз семејните буџети, а многумина стравуваат дека овошјето би можело да стане луксуз наместо неопходен дел од исхраната.
-
Добра вест за возачите: Од полноќ поевтинуваат горивата
Намалување на цената на сите горива ќе има од вечерва на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
-
Секоја година фрламе 12 кг облека: Како да се свртиме кон одржливата мода? Почнете од „правилото 30 носења“
Колку пати сте застанале пред преполн ормар, а сепак рекле: „Немам што да облечам“? Додека купуваме сè повеќе облека, ретко размислуваме за влијанието што текстилната индустрија го има врз животната средина.
-
Асоцијацијата на земјоделци и фармери: Лебот треба да чини само 20 денари
„При ниска цена на пченицата од 9 до 11 денари, висока е цената на лебот од 30 до 35 денари за една векна со различна тежина“. Ова се аргументите на Асоцијацијата на земјоделци и фармери за барањето цената на лебот да се намали на 20 денари, да се зголемат субвенциите за производството на пченица и за 50 проценти да се намалат заштитните средства зашто се меѓу најскапите во регионот.
-
Облека, обувки и додатоци се најчестите купувани производи на интернет: Расте онлајн продажбата во ЕУ
Онлајн купувањето во ЕУ продолжува да расте, со повеќе луѓе кои купуваат стоки и услуги онлајн од кога било досега. Претходната година, 77 отсто од онлајн клиентите купиле и нарачале стока или објекти за нивна сопствена употреба на интернет, што е зголемување за 59 отсто во споредба со пред десет години, во 2014 година.
-
Утре ќе нема струја цел ден: ЕВН најави исклучувања во делови од Скопје
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре (вторник) без електрична енергија ќе останат:
-
Швајцарија, лидер во плати за медицински сестри – 102 илјади евра годишно
Медицинските сестри кои се одлучуваат да работат во странство често бараат не само повисока плата, туку и подобри услови за работа. Според податоците на Нурс.орг, Швајцарија се истакнува како најдобра земја за медицински сестри.
-
Држава во која исчезнуваат маркетите, затворени дури 61.000
Во Италија минатата година затворени се 61.000 продавници, а отворени се само 23.000. 2024 година беше најлоша во однос на вкупните отворени продавници од 2014 година, соопшти Италијанската стопанска комора.
-
ПРОБЛЕМИТЕ СЕ РЕШАВААТ СО КРЕДИТИ – За што најмногу се задолжуваат граѓаните?
Граѓаните им должат на банките четири милијарди евра, од кои половината се за подигнатите потрошувачките кредити. Потребата од пари најчесто се премостува со овој вид позајмици, но во јануари е забележана намалена побарувачка. Во преден план било суштинското – станбеното прашање, па зголемување има кај станбените кредити. А, и натаму опаѓа интересот за опцијата задолжување преку кредитни картички.
-
ТРАМП ЌЕ ОТПУШТИ 1.600 ВРАБОТЕНИ НА УСАИД, а 4.700 ќе одат на принуден одмор
Администрацијата на Трамп ги стави на платено административно отсуство речиси сите 4.700 вработени во УСАИД ноќеска на полноќ и последователно ќе укине 1.600 од тие позиции како дел од „намалувањето во сила“, според меморандумот што беше широко дистрибуиран до персоналот на агенцијата во неделата попладне и подоцна објавен на веб-страницата на УСАИД.
-
СНЕГОТ ГО ПАРАЛИЗИРА ИСТАНБУЛ: Затворен е бродскиот сообраќај на Босфор, а откажани се и летови
Снегот го парализира Истанбул. Затворен е бродскиот сообраќај на Босфор, а откажани се и летови.
-
Како да изградите успешен YouTube или TikTok канал и да заработувате?
Во дигиталната ера, платформите како YouTube и TikTok станаа вистински златен рудник за креативците кои сакаат да ја монетизираат својата содржина.
-
Соодветна плата и сместување: Хрватска го регулира статусот на странските работници, лани 14.000 Македонци побарале работни дозволи
Хрватскиот Сабор со мнозинство гласови го измени Законот за странци за подобро регулирање на правната рамка за странските работници и воведување ред во престојот и работата на странците во Хрватска.
-
Граѓаните заштедиле 6,5 милијарди евра, а кај банките се должни четири милијарди евра
Штедењето и задолжувањето кај банките во првиот месец од годинава се движеле со речиси исто темпо. Годишнот раст на вкупните депозити во јануари е 11, а на вкупните депозити 11,3 проценти.
-
Младите не сакаат да работат земјоделство, се чувствуваат понижено – Зошто станавме општество со искривени морални вредности?
Земјоделството е една од клучните гранки на македонската економија, но интересот на младите за оваа професија драстично опаѓа. Сè помалку млади луѓе се одлучуваат да останат во руралните средини и да го продолжат семејниот агробизнис.
-
Македонското земјоделство на крстопат – кои култури исчезнаа, а кои се пред исчезнување?
Некогашното македонско земјоделство беше богато со култури кои денес речиси исчезнаа. Памукот, ленот, сусамот, афионот и хмељот беа значајни за економијата, но модерните услови и новите барања на пазарот ги доведоа до работ на исчезнување.
-
Тунелот Муриз наскоро во употреба – од Дебар до Тирана за еден час
Тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, ќе биде отворен за сообраќај на 14 март, со што од граничниот премин „Блато“ кај Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час.
-
Вештачка интелигенција го менува начинот на патување: Како AI ја поедноставува организацијата за одмор?
Во динамичното темпо на современиот живот, особено во урбаните средини, спонтаното патување често се смета за предизвик. Потребата од детално планирање, организација на сместување и транспорт, како и финансискиот аспект, може да ја намали авантуристичката возбуда.
-
Во овие земји железничката мрежа е најразвиена: Каде во Европа мрежите се шират најбрзо?
Железничката мрежа во Европа се проширува, но напредокот е нерамномерен
-
Оваа земја до 2040 година ќе биде најпосетувана во светот: Веќе бележи рекордни посети
Франција е земја со прекрасни градови, села и пејзажи, погодна за секој вид туристи, но наскоро би можела да ја загуби својата водечка позиција меѓу најпосетуваните држави во светот.
-
Какви ќе се последиците од потоплите и пократките зими?
Влијанијата на климатските промени се многу повидливи во лето, но ги менуваат и зимите, а луѓето тоа го забележуваат.
-
ЗАВРШУВА ЕРАТА НА НЕТОЧНИ БРОИЛА! „Опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно работи на воведување системски решенија кои ќе ја зголемат заштитата на граѓаните и ќе обезбедат поголема транспарентност и контрола врз мерењето на потрошената енергија. Во таа насока, министерката Божиновска бара во најкраток можен рок, Бирото за метрологија да ја стави во функција софистицираната опрема за тестирање и верификација на броилата, која поради неажурност во претходните години останала неискористена и не била ставена во функција.
-
Бесплатни стоматолошки прегледи, домашна нега и итна помош 24/7 за пензионерите
Во Скопје ќе се овозможат бесплатни стоматолошки прегледи, домашна нега и 24-часовна итна помош за пензионерите. Оваа иницијатива има за цел да го подобри здравственото згрижување на повозрасните граѓани и да обезбеди поголема сигурност и поддршка.
-
Пентагон отпушта илјадници цивилни работници, по што следи замрзнување на вработувањата
Пентагон во петокот ги објави плановите за отпуштање на 5-8 отсто од својата цивилна работна сила, почнувајќи од следната недела кога 5.400 вработени ќе останат без работа, изјави претставник на Министерството за одбрана.
-
За 20 дена казнети 1.510 возачи без возачка дозвола – алармантни податоци од МВР
Министерството за внатрешни работи (МВР) во последните 20 дена изрекло 1.510 казни за возење без возачка дозвола, покажуваат податоците од засилените сообраќајни контроли низ државата.
-
Во кои ЕУ-земји најмногу се купува онлајн, а во кои најмалку?
Речиси сите Ирци купувале преку Интернет во 2024-та година, а од земјите-членки на Европската унија (ЕУ), најмалку онлајн нарачки биле направени во Бугарија.
-
НАЈЕВТИН ВО ИСТОЧНА, А НАЈСКАП ВО СКОПЈЕ И ОХРИД: Дали е луксуз едно семејство да си купи бурек за појадок?
Во Скопје и Охрид, бурекот е најскап, а во градовите во источниот дел е најевтин, но од бурекџилниците, посебно во градовите каде нема туризам, велат дека за народот е скапо за цело семејство да купат бурек и јогурт за појадок.
-
Турските државјани најбројни на листата за дозволи за привремен престој на странци - Колку биле издадени во 2024 година?
Турските државјани се на прво место според бројот на издадени дозволи за привремен престој на странци во Македонија во 2024 година.
-
Соседите прават електричен автомобил, ќе чини помалку од 18.000 евра
Производителот на автомобили Дачија, во сопственост на Рено, наскоро ќе развие нов електричен автомобил кој ќе чини помалку од 18.000 евра, изјави извршниот директор на групацијата Рено, Лука де Мео.
-
Грците најавија голем штрајк, ништо нема да работи
Не патувајте во Грција на 28 февруари, ќе има голем 24-часовен штрајк
-
НАЈВИСОКА ПРОСЕЧНА БРУТО ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА: Изнесува над 200.000 денари
Во земјава највисоката просечна бруто плата е исплатена во секторот Воздухопловен транспорт и истата изнесува 200.842 денари.
-
Превезени повеќе патници со автобус и воз, помалку со авион
Во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2023 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 8.7 %, во железничкиот превоз е зголемено за 73,5 %, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 2,7 проценти
-
Македонија меѓу десете европски земји најчеста цел на сајбер напади
Во последниве години, има зголемување на сајбер нападите ширум светот, а некои земји се особено ранливи на сајбер криминалци поддржани од други земји. Од друга страна, вештачката интелигенција им овозможи на сајбер-криминалците да вршат уште пософистицирани напади и потешки за откривање, кои ги загрозуваат не само обичните граѓани, туку и цели компании и организации.
-
Вработените во авио-транспортот со повисока просечна плата од програмерите – во декември заработиле 136.702 денари
Во декември 2024, просечната нето плата во Македонија изнесувала 43.587 денари, што претставува зголемување од 9% во однос на истиот месец во 2023 година, според податоците на Државниот завод за статистика.
-
Македонското кафуле „Dude Specialty Coffee“ во Топ-100 најдобри кафетерии во светот
Скопската кафетерија „The Dude Specialty Coffee“, којашто веќе четири и пол години го нуди најдоброто кафе во македонскиот главен град, доби признание за својата страст и посветеност во работењето – влезе во престижната топ-листа „Најдобри 100 кафетерии во светот“ (The Worlds 100 best coffee shops) во склоп на Мадридскиот кафе-фестивал. Во конкуренција од кафетерии од сите континенти, „Дуд спешлти кофи“ го освои 63. место.
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 989 илјади во четвртото тримесечје од 2024 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 1.6 %, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Италија има најстаро население во Европа, просечната возраст е 48,7 години
Италија има најстаро население во Европа, а просечната возраст во земјата е 48,7 години, соопшти денеска Евростат.
-
Како да пресметате кога треба да си легнете за да се разбудите наспани?
Ако имате проблем со будењето и се чувствувате уморни и покрај тоа што спиете доволно, проблемот веројатно е во времето кога легнувате. Според д-р Чарлс Пуза, времето во кое одите во кревет е клучно за да ги поминете сите важни фази од сонот.
-
Најважниот, но потценет фактор за задоволство на вработените – знаете ли кој е?
Кога зборуваме за среќни и ангажирани вработени, најчесто прво помислуваме на плати, бенефиции и работни услови. Но, постои уште еден клучен фактор кој значително влијае на нивото на задоволство во тимот – комуникацијата.
-
Келнер во Охрид ќе заработува и до 5.000 евра во сезона?
Сезоната во Охрид е далеку од официјалниот почеток, но угостителите веќе интензивно бараат работници.
-
Цената за метар квадратен во Oхрид достигна до рекордни 4.000 евра, најчесто купуваат скопјани и странци
Цената на новоизградените станови и станбените објекти во градба долж крајбрежјето и во центарот на Охрид достигна рекордни 4.000 евра за метар квадратен.
-
Младите не се мрзлива генерација: Истражување во Германија покажува дека работат повеќе од кога било – бројот на вработени поставува рекорди
Младите во Германија работат повеќе отколку во последните три децении – а студентите особено имаат хонорарни работи
-
Просечната нето-плата за декември е 43.587 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2024 година изнесува 43.587 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 65.582 денари.
-
Возила со камери ќе возат низ град да ги мапираат сите погрешно паркирани возила
Во проектот „Безбеден град“ (Safe city) се предвидува, покрај фиксните камери на крстосниците да се воведат и возила со камери, кои ќе мапираат каде сѐ има паркирани или оставени возила, на сообраќајни ленти, велосипедски патеки, тротоари и зелени површини.
-
Бесплатен разглед на Скопје и Битола во сабота по повод Светскиот ден на туристички водичи
По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници утре, сабота организира бесплатен разглед на Скопје и Битола.
-
Вo овие градови можете да пазарите најефтино – не ви требаат повеќе од 25 евра
Ако планирате патување и сакате да ја искористите можноста да купувате по пристапни цени, постојат неколку европски градови каде што можете да направите одличен шопинг без да потрошите премногу пари.
-
КАКО ДО РАБОТА НА КРУЗЕР: Оваа работа нуди добра заработка, а еве ја целата процедура
Работата на брод за крстарење носи бројни можности – од добра заработка до можност за патување и доживување различни култури. Сепак, пред да ги спакувате куферите, мора да поминете низ одредени процедури.
-
Петок е денот кога работниците најмогу се повредуваат, потребно е лекар во секоја поголема фирма!
Во поголемите компании потребно е да има лекар кој секојдневно или по потреба ќе се грижи, превенира или интервенира кај некој од вработените доколку има потреба од тоа.
-
СМЕСТУВАЊЕ ВО БУДВА ЗА НЕЦЕЛИ 800 ДЕНАРИ: Детален список на цени кои нѐ очекуваат ова лето
Февруари е месец кога многу луѓе почнуваат да ги планираат своите летни одмори, а Будва останува прифатлива дестинација за туристите од Балканот. Според информациите од Будванската туристичка организација, цените на сместувањето во претсезоната и сезоната 2025 година ќе останат стабилни и достапни.
-
Дали бонусот за неодење на боледување во Хрватска ќе стане вообичаена пракса?
3.000 испитаници откриле што мислат за бонусите за редовна присутност на работа. Пола веруваат дека тоа ќе ја намали бројот на лажни болувања, додека третина се плаши од негативни последици по здравјето на вработените.
-
ЖЕНИТЕ СЕ ПРЕОДРЕДЕНИ ЗА ВОСПИТУВАЧКИ, МАЖИТЕ ЗА ГРАДЕЖНИЦИ – поради предрасуди понежниот пол е послабо платен
Воспитувачките и негувателките се работни места за жени, градежните работници се претежно мажи. Со вакви стереотипи се класифицираат работниците во нашата земја, со што се прават однапред поделби на работниците според пол, што за економските експерти е причина за послаби економски перформанси.
-
Хрватите трошат 140 евра месечно за цигари, или во просек околу 4,5 евра дневно
Бројот на пушачи во Хрватска расте, покажува ново истражување од јануари оваа година.
-
Објавена просечната плата во Хрватска: Две третини од работниците не ја земаат оваа сума
Просечната месечна нето-плата по вработен во правните лица за декември 2024 година во Република Хрватска изнесува 1.361 евро, а средната 1.156 евра, објави во четвртокот хрватскиот Централен завод за статистика, чии податоци го покажуваат и шокантниот податок дека околу две третини од платите се потпросечни.
-
Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичара „Kинг Бургер“ во центарот на Скопје
Деновиве се урива некогашната сендвичара „Кинг бургер“ на булеварот Климент Охридски во центарот на Скопје, а на нејзино место ќе се гради зграда на седум ката.
-
Се одложува воведувањето на правилата за влез во земјите на ЕУ кои требаше да важат и за македонските граѓани
Новиот систем ЕТИАС, со кој државјани на 50 земји, меѓу кои и Македонија, не им е потребна виза за влез во земјите од Шенген зоната, се одложува.
-
Разликата помеѓу добра и лоша позајмица – што треба да знаете?
Во финансискиот свет, позајмиците често се гледаат како неопходност, но не секоја позајмица е добра одлука.
-
Ни плата од 3500 евра не помага: Работници нема ни за лек во Германија
Автобуските превозници во Германија се соочуваат со сериозен недостиг од работници и покрај тоа што нудат плати од 3.500 евра нето месечно.
-
Гробари, пејачи, танчери и овчари сите добиваат бенифициран стаж, но ќе има промени
Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе ја ревидира листата на професии за кои се добива бенефициран стаж, односно се оди порано во пензија.
-
ЗА ПРОСЕЧНА ЖИВЕАЧКА ВО ФЕВРУАРИ – 63.773 денари: Потрошувачката кошничка поскапа за над 500 денари
Од јануари до февруари минималната синдикална кошница поскапела за 521 денар. Сојузот на синдикатите пресметал дека за премостување на најкусиот месец се потребни 63.773 денари.
-
Вработи се како ВОЗАЧ во Falcon Logistic и заработувај до 2000 евра месечно!
Фалкон Логистик е успешна и реномирана компанија која бара ВОЗАЧИ со Ц+Е категорија за редовен транспорт во земјата и странство. Ако бараш сигурна работа со конкурентна плата, ова е одлична можност за тебе!
-
Повторно порасна потрошувачката кошничка, минимум 1.000 евра за да се преживее до 1-ви
Повторно порасна минималната синдикална кошничка. За февруари изнесува 63 773 денари, при што синдикатот измери дека за 521 денар е повисока отколку во јануари годинава кога беше 63 252 денари. Со вклучување на кирија за стан пак, трошоците достигнуваат и до речиси 80 илјади денари.
-
Стигнаа новите цени, еве колку ќе изнесуваат горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нова цена на мазутот, кој од утре поевтинува за 1 денар, додека другите горива остануваат со непроменета цена.
-
Вработи се во Мотоцентар, добиј до 10.000 денари бонус за добредојде и работи со професионален тим!
Мотоцентар има потреба од вработување на ВУЛКАНИЗЕРИ – СО или БЕЗ работно искуство!
-
Животниот век стагнира: Истражување во 20 европски земји, резултатите се поразителни
Очекуваниот животен век на Европејците стагнира, а најголемото забавување е забележано во Англија, покажа неодамнешното истражување.
-
РАБОТОДАВАЧ НА ГОДИНАТА – ПРВИТЕ РЕЛЕВАНТНИ НАГРАДИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СЕ КУПАТ!
Вистинската вредност на една компанија не се мери само преку нејзините профити, туку и преку начинот на кој ги третира своите вработени. Токму затоа, Vrabotuvanje.com.mk ја создаде наградата „Работодавач на годината“ – единственато признание во Македонија кое исклучиво ја одразува перцепцијата на вработените и јавноста.
-
Десет настани во Европа кои вреди да се посетат во 2025: Еден е во нашето соседство
Евровизија, Базел, Швајцарија (13-17 мај) Познатото и понекогаш контроверзно натпреварување за песната Евровизија ќе се одржи оваа година во Базел, Швајцарија, претворајќи го градот во музички центар.
-
Уште колку дена ни останаа до пролет?
Пролетта е сè поблиску, а со неа и подолгите, потопли денови.
-
Летното сметање на времето почнува наскоро – кога ќе ги поместиме стрелките?
Мислењата за менување на часовникот се поделени подолго време. Некои се колнат во придобивките, други се против, но малкумина можат да останат рамнодушни на повеќе дневна светлина. Често се слушаа иницијативи за укинување на овој принцип, но поголемиот дел од светот сè уште ги прилагодува своите часовници двапати годишно.
-
ЕКСТРЕМНО ЛАДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: До самиот крај на неделава, поларно ладно, наутро и до околу -20 степени!
Под влијание на веќе споменатата поларна воздушна маса која се спушта директно од Русија кон нашата Република Македонија, до крајот на неделава останува екстремно ладно, особено наутро кога температурите насекаде ќе бидат негативни, односно под нулата.
-
Студенти и пензионери ќе може да работат БЕЗ ДА ГИ ИЗГУБАТ СТИПЕНДИИТЕ И ПЕНЗИИТЕ
Земјоделци, угостители, хотелиери, како и домаќинства ќе можат да вработуваат работници за извршување сезонски или повремени работи само ако овие лица ги пријават во Агенцијата за вработување и ги плаќаат даноците и придонесите поврзани со нивното вработување.
-
Црна Гора ги забрани мобилните телефони во училиштата
Во Црна Гора веќе постојат училишта кои претходно усвоиле правилници за забрана на користење мобилни телефони за време на настава, а нивните позитивни ефекти се потврдени од страна на наставниците, родителите, но и самите ученици.
-
Просечниот раст на очекуваниот животен век за Европејците е во стагнација
Очекуваниот животен век на Европејците стагнира, при што Англија, во оваа смисла, бележи најголемо забавување, покажува ново истражување. Наводите говорат и дека за оваа појава е виновна алармантна комбинација од лоша исхрана, масовна физичка неактивност и зголемена дебелина кај населението, пренесува „Гардијан“.
-
„Трипадвајзор“ ги прогласи овие плажи за најдобри на светот за 2025, а најубавата ни е во соседството
„Трипадвајзор“, најголемата светска платформа за патување, го претстави најновото издание на „Награди според избор на патниците најдобрите од најдобрите“ (The Travelers Choice Awards best of the best), овој пат за најдобрите плажи за 2025 година. Престижната листа се базира на сеопфатна анализа на глобалните прегледи на плажите на платформата во текот на минатата година, а на првото место се најде дестинација во Грција.
-
Секој жител на Македонија генерира над 300 килограми отпад годишно
Пожарите на депониите се значаен извор на аерозагадување, а за жал, ова е честа појава во многу градови, особено во летните месеци. Ова загадување е исклучително опасно бидејќи, покрај согорувањето на органска маса, се палат и пластика, хемикалии и други токсични материи. Димот од овие согорувања е многу поштетен од оној што настанува при согорување на дрво. Решавањето на проблемот со депониите и воспоставувањето санитарни депонии на регионално ниво е неопходно за одржливо управување со отпадот, смета проф. д-р Дејан Мираковски, раководител на лабораторијата Амбикон.
-
Системот „Сејф сити“ стартува од 1 јануари следната година
Системот „Сејф сити“ и поставените камери ќе започнат со работа од 1 јануари следната година. Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе има доволно време да ги евидентира сите новорегистрирани возила и да ги усогласи податоците со останатите институции, со цел прецизно утврдување на начинот на казнување. Возачите кои ќе направат прекршок ќе добиваат СМС порака или е-пошта со фотографија од прекршокот во рок од 24 часа.
-
Визер ја укинува линијата Скопје – Будимпешта
„Визер“ ја укинува авиолинијата Скопје-Будимпешта од 9 март 2025 година, a ова е седмата линија што компанијата ја повлекува во последнава година. Од јануари 2025, „Визер“ веќе престана да лета за Салцбург и Бремен, а ги укина и летовите за Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста.
-
Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата
На иницијатива на Министерството за образование, наука и иновации, училишните одбори на основните и средните училишта во Црна Гора донесоа одлука за забрана за користење на мобилни телефони за време на наставата, освен во случаи кога нивна употреба од страна на предметниот наставник е предвидена како наставна алатка за реализација на одредени наставни единици преку секојдневна подготовка. Ова го соопшти ресорното министерство.
-
Бугарија повеќе не е евтина летна дестинација – македонските туристи бараат алтернативи
Македонските граѓани кои традиционално ги поминуваат летните одмори на бугарското Црноморе оваа година се соочуваат со значително повисоки цени.
-
Од денес ќе купуваме поевтини производи: Одлуката објавена во Службен весник, еве што се треба да поевтини
Одлуките за ограничување на бруто профитната маржа и за замрзнување на дел од цените на прехранбените производи се објавени во „Службен весник“ со што од денес се очекува поевтинување на повеќе од 1000 производи.