Aktualno
-
Дигиталното злато е на врвот – дали е време за инвестирање?
Биткоинот, најпознатата криптовалута на светот, го достигна своето највисоко ниво во историјата, додека вниманието на светската јавност е насочено кон претседателските избори во САД.
-
Скопје утринава е на 8-то место по загаденост на амбиенталниот воздух во светот
Скопје утринава е на осмото место по загаденост на амбиенталниот воздух во светот со индекс на загадување од 154, според последните податоци на платформата „Ај-Кју-Ер“.
-
МТЕЛ го финализираше купувањето на Lyca Mobile: Корисниците добиваат беспрекорна транзиција
Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Групацијата Телеком Србија, успешното го заврши процесот на аквизиција на Lyca Mobile, што означува значаен момент во посветеност на компанијата за проширување на своите услуги и збогатување на искуствата на корисниците во Македонија.
-
Денес без струја делови од Сарај и Карпош, без вода делови од Центар
Поради планирани прекини на електрична енергија во електродистрибутивната мрежа на ЕВН без електрична енергија ќе останат делови од општините Сарај и Карпош.
-
Државата форсира патарини со тагови, граѓаните бараат вињетки
Додека Јавното претпријатие за државни патишта подготвува проширување на бројот на таг ленти на патарините за подобрување на протокот на возила, граѓаните кои секојдневно патуваат низ државата изразуваат поинакви желби.
-
На државата ѝ недостигаат 250 илјади овци и 100 илјади крави
Бројките се поразителни, сточниот фонд во државата со години наназад се намалува.
-
Октоподите би можеле да „завладеат на Земјата “ доколку луѓето исчезнат
Постојат неколку потенцијални сценарија според кои човештвото еден ден би можело да исчезне – од нуклеарна војна, удар на астероид, радикално влошување на климата и вештачката интелигенција што може да се сврти против луѓето и да одлучи да ја исчисти планетата од нашиот вид.
-
Петок e неработен ден за припадниците на албанската заедница
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2024 година (петок), Ден на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија.
-
Останува иста цената на горивата, намалување има само кај мазутот
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,06 % во однос на одлуката од 11.11.2024 година.
-
Сè попопуларна промената на бојата на очите – процедурата чини 12.000 долари
Во САД се зголемува популарноста на ласерската процедура наречена кератопигментација, која подразбира промена на бојата на очите.
-
Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата: Водата во Скопје е безбедна за пиење
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
-
ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌАМЕ ЗА ОДМОР ВО ГРЦИЈА ДОГОДИНА: За студио цената оди и до 100 евра од ноќ
Грција е најпопуларната дестинација за одмор меѓу нашите туристи и секоја година е домаќин на околу 30 милиони посетители од целиот свет. Нејзините прекрасни плажи, тиркизното море, историските места и гостопримливите домаќини го прават совршено место за одмор. Сепак, оние кои планираат да го посетат за прв пат се прашуваат колку чини одморот во Грција и како да ја најдат најдобрата понуда за сместување.
-
Сонце и ветер за посигурна иднина – може ли Македонија да биде енергетски независна?
Во време кога климатските промени и економските предизвици стануваат сè поизразени, Македонија се соочува со потреба од промена на својот енергетски систем.
-
„Книгите им се напорни, а речениците предолги“ : Загрижувачки наоди од новото истражување за децата и младите луѓе
Читањето книги секако не е на листата на најпопуларни активности на денешните деца и млади. Згора на тоа, впечатокот дека со секоја нова генерација, по правило, се намалува интересот за „пишаниот збор“ го потврди и последното истражување на независната хуманитарна организација „National Literacy Trust“ објавено на крајот на октомври годинава, во кое се наведува дека во текот на 2024 година најмал е бројот на деца и млади кои изјавиле дека уживаат во читањето од 2005 година, кога организацијата почнала да го спроведува своето истражување.
-
Преработената храна и пијалаци го забрзуваат стареењето
Високопреработената храна, како што се грицки, зашеќерени напитоци, индустриски леб, овошен јогурт, житарки и алтернативи за месо – сѐ тоа е поврзано со забрзаното биолошко стареење. Тоа, поради високата содржина на калории, шеќер, масти и сол во намирниците, посочува ново истражување на Медитеранскиот невролошки институт „Неуромед“ во Поцили, Италија.
-
АМАЗОН ЛАНСИРАШЕ КОНКУРЕНЦИЈА НА ТЕМУ - ќе ги ограничат цените на производите
Светската компанија Амазон лансираше нова платформа наречена Haul, која ја ограничува максималната цена на производот на 20 долари (15,79 фунти), со цел да се натпреварува со евтините шопинг гиганти како што се Тему и Шејн.
-
Црвен картон за зелениот картон – еве каде ќе патуваме без овој документ
Во рамките на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), земјите-членки неодамна го разгледаа предлогот за укинување на зелениот картон за автомобилите што влегуваат во Србија, Црна Гора и во Албанија.
-
ГЕРМАНИЈА ИМА ОГРОМЕН НЕДОСТИГ ОД ВОЗАЧИ НА КАМИОНИ: Работодавците очајно ги бараат
Германските бродски здруженија денеска предупредија на можни недостиг во предбожиќната сезона поради недостиг на возачи на камиони. „Апелираме до граѓаните да испратат пакети со подароци што е можно порано, бидејќи може да дојде до одложување на испораките во декември“, изјави за весникот „Билд“ Дирк Енгелхард, портпарол на Федералната асоцијација на шпедитери и логистика (BGL).
-
„Се чека по пет часа“ - Има ли можност да ги тужите ЈСП и Град Скопје за хаосот?
Иако вчера јавниот превоз во Скопје сообраќаше со редуцирани лиции поради затворени улици, жителите револтирани споделуваат дека чекале со часови за да дојде автобус. Проблемот не е нов, но да се чека пет часа за да се стигне дома не е нормално, споделуваат скопјани.
-
Од вчера, во Босна и Херцеговина недела е ден за одмор – важи и за трговските центри
На територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина, неделата е законски прогласена за неработен ден за продавници, со исклучок на пекари, бензински пумпи, цвеќарници и маркети.
-
Македонија под ладен циклон, не чекаат обилни дождови, снег и снежна покривка!
Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник. Веќе од среда па се до крајот на неделата под влијание на моќен циклонски систем кој ќе биде во склоп со многу поладниот воздух кој ќе се спушта од север, ќе условува серија на изразени влажни воздушни бранови кои ќе условуваат повремени врнежи од дожд, и истите повремено ќе бидат обилни, прогнозираат метеоролозите.
-
Жените во Македонија и во 21 век имаат ограничен пристап до семејно наследство
Жените кај нас и во 21 век имаат ограничен пристап до семејното наследство и го носат товарот на традицијата и обичаите, велат од битолската Организација на жени.
-
Се зголемува бројот на предвремено родени бебиња
Се зголемува бројот на предвремено родени бебиња. За разлика од лани кога имаше 604 предвремени породувања, годинава оваа бројка е зголемена на 681. Меѓу причините кои доведуваат до предвремено породување се загадениот воздух и возраста на мајките над 35 години.
-
По 2.000 години, во Колосеумот повторно ќе се одржуваат борби на гладијатори
За прв пат по две илјади години античкиот римски Колосеум ќе биде домаќин на борби на гладијатори – иако исценирани – благодарение на спонзорскиот договор од 1,5 милиони долари со Airbnb, чија цел е да промовира „поодговорен туризам“.
-
Откриено кои се „најдебелите“ земји во светот: Еве каква е ситуацијата со Македонија
Нивоата на дебелина скокнаа за 17 пати во делови од светот во последните две децении. Од 200 земји кои историски ја следат состојбата на нацијата кога станува збор за килограмите, само Франција забележа пад на бројот на дебели возрасни лица помеѓу 1990 и 2022 година. Затоа Бангладеш, Непал и африканската држава Буркина Фасо забележаа скокови кои надминуваат неверојатни 1.000 отсто во истиот временски период. Потценување е да се каже дека епидемијата на дебелина сега е евидентна на секој агол на Земјата.
-
Денес посебен режим на сообраќај поради ноќната меѓународна атлетска трка
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 16.00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка „13 Ноември“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
-
Доларот продолжи да расте: Вредноста се зголемува втора недела по ред
Вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи американската централна банка, според нејзиниот претседател, би можела да го забави темпото на намалување на каматните стапки.
-
Цената на маслиновото масло ќе се преполови?
Шпанскиот Деолео, најголемиот светски производител на маслиново масло, вели дека се чини дека се ближи крајот на еден од најпредизвикувачките времиња во историјата на индустријата, при што цените на „течното злато“ се очекува да се преполови од највисокото ниво во наредните месеци
-
Бунт во италијанско гратче – не дозволуваат елката стара 200 години да се пресече и однесе во Ватикан
Жителите на едно гратче во близина на италијанското езеро Гарда одржаа протест против сечењето на новогодишна елка, која требало да биде однесена во Ватикан. Елката висока 29 метри треба да се исече и да се пренесе на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
-
Откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 4 703 216 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 14.4 %.
-
Германската авиокомпанија Lufthansa отпушта 400 вработени, ќе ги замени со вештачка интелигенција
Од Lufthansa директно не ги коментираа најавите за отпуштања, но изјавија дека сакаат да ги намалат административните трошоци за 20 отсто до 2028 година и повеќе да ја користат автоматизацијата и новите дигитални технологии, како што е вештачката интелигенција
-
Милениумците и генерацијата „З“ сѐ повеќе одат на крстосување со бродови
Податоците собрани од страницата „Trip.com“ укажуваат на зголемување од 344 отсто на годишно ниво на резервациите во периодот од јануари до октомври 2024 година. Скокот во бројот на резервации платформата го припишува на луѓето кои во едно патување сакаат да доживеат различни искуства и да посетат различни места.
-
Светскиот бренд IWG отвори флексибилни работни канцеларии во Скопје
Речиси 30% од сите комерцијални недвижнини ќе бидат флексибилни работни канцеларии до 2030 година, бидејќи се повеќе компании го преземаат хибридното работење.
-
Половина од државите во САД носат индијански имиња
Половина од сите американски држави, поточно 25 од нив, носат имиња на Индијанци.
-
Драстични мерки против прекумерен туризам: Фиренца воведува нови правила
Еден од најпосетуваните градови во Италија, магичната Фиренца, одлучи да преземе чекори за справување со предизвиците од прекумерниот туризам. Градот, кој секоја година привлекува милиони посетители, воведува строги мерки за заштита на своето културно наследство и квалитетот на животот на локалното население.
-
СДК: Ќе има ли скијање годинава на Попова Шапка?
„Не е направен технички преглед на седумте ски-лифтови и жичници, на вработените им доцнат две плати, отворањето на хотелот „Славија“ е под знак на прашање, а за хотелот „Попова Шапка“ е одлучено да не работи, пишува порталот СакамДаКажам.
-
По колку пари ќе заработат Тајсон и Пол за „спектаклот“?
Легендарниот боксер Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза од две децении и загуби од јутјуберот Џејк Пол.
-
Најлошиот одговор на интервју за работа: Како искреноста може да ви наштети ако не внимавате
Еден од најголемите предизвици за кандидатите при разговор за работа е како да бидат искрени, без да остават негативен впечаток.
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје
Настанот ќе се одвива со следната траса на движење: од Порта „Македонија“, преку плоштад „Македонија“, по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, до крстосница со ул.„Даме Груев“, полукружно назад по истата улица, во продолжение по ул.„11-ти Октомври“ до крстосница со бул.„Кочо Рацин“, полукружно назад по истата улица, десно по ул.„Филип Втори Македонски“, лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај Порта „Македонија“ во Скопје
-
Во Кина реконструиран и проширен автопат долг 160 км речиси без работници
Кина, еден од светските лидери во градежната индустрија, сега може да се пофали со првиот автопат изграден речиси без човечки работници. Кон крајот на септември беше демонстрирана нова технологија на автономно асфалтирање на делот од автопатот што ги поврзува Пекинг, Хонгконг и Макао, долг околу 160 километри, на досега најголемата пробна површина во светот.
-
Студени утра и минусни температури: УХМР СО ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ
Во деновите од викендов и во почетокот на следната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра.
-
НУДАТ ПЛАТА ОД 1.600 ЕВРА, НО НЕ МОЖАТ ДА НАЈДАТ РАБОТНИК: Тешко до работна сила и на најатрактивната локација
Кафе барот „Сљеме 360°“ е отворен на веројатно најнеобичното место во Хрватска, на врвот на телевизиската кула на Медведница. И покрај атрактивната локација, тие денес мака мачат да најдат работна сила, односно келнерка.
-
Поради сообраќајниот метеж, Њујорк воведува такса од девет долари за возење
Њујорк планира да воведе такса од девет долари за возење на Менхетен почнувајќи од јануари, што државата го суспендираше на неодредено време на почетокот на оваа година, изјави вчера гувернерката на Њујорк, Кети Хочул со цел да се намали метежот.
-
ТОЧКАТА ОД КОЈА НЕМА ВРАЌАЊЕ: Научниците објавија застрашувачки факт - го поминуваме прагот на глобалното затоплување
Оваа година ќе биде најтопла досега и прва во која просечната температура беше за повеќе од 1,5 степени потопла од прединдустрискиот просек, објавија европските научници.
-
Македонија изгубила голем дел од домашното производство на храна – се сади сè помалку и помалку
Производството на пченица во Македонија е десеткувано, особено ако се погледнат бројките од пред 20 или 30 години. Состојбите не се подобри нуту кај производството на другите земјоделски култури, како сончогледот, тутунот, грозјето...
-
Просечната нето плата во Загреб е 1.513 евра
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен кај правните лица во градот Загреб за август годинава изнесува 1.513 евра, што е номинално за 0,5 отсто повеќе во однос на јули и за 13,3 отсто повеќе во однос на август лани.
-
Ако вашата лозинка е на оваа листа, сменете ја веднаш
„Норд пас“ ја објави својата годишна листа на најпопуларни лозинки во светот, па и годинава лозинката 123456 се наоѓа на врвот на неславната листа на најнекреативни лозинки како најкористена лозинка.
-
Декември е далеку, ама на фирмите им се брза – фрчат резервации за предновогодишни забави
Со приближувањето на крајот на годината, атмосферата во корпоративниот свет станува сè повесела и поопуштена, додека многу компании започнуваат подготовки за традиционалните предновогодишни забави. Овие настани не се само можност за одбележување на деловниот успех, туку и можност да се наградат вработените за нивната посветеност и ангажираност во текот на целата година.
-
Компаниите освен сметководител и адвокат ќе мора да ангажираат ИТ- професионалци за да напредуваат
Секоја компанија ќе мора да ангажира ИТ-професионалци или компанија за да може да се носи со предизвиците на новото време. И од бизнис-секторот се согласуваат дека дигитализацијата е клучна за подобрување на нивното работење, односно зголемување на ефикасноста, продуктивноста, конкурентноста и зголемување на можностите за извоз.
-
Цените на становите пораснаа, а кириите се за жалење
Во услови на економска неизвесност и инфлација, многу граѓани од Балканот се решаваат своите заштеди да ги инвестираат во недвижен имот, бидејќи го сметаат за најсигурна форма на инвестиција. Вложувањето во станови, куќи и деловен простор е тренд кој постојано расте, а со него растат и цените на недвижнините, што е очигледно во речиси сите големи градови.
-
Македонија изгубила голем дел од домашното производство на храна – се сади се помалку и помалку
Производството на пченица во Македонија е десеткувано, особено ако се погледнат бројките од пред 20 или 30 години. Состојбите не се подобри нуту кај производството на другите земјоделски култури, како сончогледот, тутунот, грозјето...
-
ДАЛИ ШЕНГЕН РЕЖИМОТ Е НА ЗАМИНУВАЊЕ: По Германија, и Холандија ги врати проверките на граничните премини
Холандската влада објави дека воведува дополнителни проверки на нејзините копнени граници за борба против нерегуларната миграција, слична на политиката што ја воведе Германија во септември. Тоа е најновиот потег на тврдодесничарската влада во земјата, чија цел е да ја заузда имиграцијата, додека антимигрантското расположение е во пораст низ Европа.
-
Казна од 45 евра за непоседување на зимска опрема во возилата
Од денес, 15-ти ноември 2024 година стапува на сила обврската за задолжително поседување на пропишана зимска опрема во моторните возила и мобилните машини. Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, согласно истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.
-
Дедо Мраз патува преку планини и езера
Дедо Мраз стигнува со соларен чамец за да ја подигне „божиќната пошта“ во Химелпфорт во Бранденбург. Таму веќе 40 години пристигнуваат детските писма со нивните желби.
-
ЕУ го казни Фејсбук со 800 милиони евра
Европската комисија ја изрече казната откако нејзината долга истрага утврди дека компанијата ја злоупотребила својата доминантна позиција и се вклучила во антиконкурентно однесување.
-
Златото падна на најниско ниво во последните два месеци
Цените на златото во четвртокот го продолжија својот пад на речиси двомесечно ниско ниво
-
Како да се подготвиме за возење во зима?
Од денес стапува на сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 март следната година.
-
Времето денес: Променливо облачно, наместа дожд, на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени
-
МВР со предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи
Откако ќе добијат далечински пристап до компјутерот или мобилниот уред на жртвата, измамниците пристапуваат до електронското банкарство и ги префрлаат паричните средства од банкарските сметки на жртвите
-
Ова е најизолираната куќа на светот: Дали би се осмелиле да преноќите овде?
Во време кога градскиот живот може да биде исцрпувачки, многумина сонуваат да се повлечат во мир и осаменост. За оние кои бараат екстремна осаменост, постои едно посебно место: изолирана куќа на островот Елидаеј на југот на Исланд. Овој осамен имот, единствениот објект на ненаселениот остров, со години ги интригира посетителите и поттикнува бројни теории на заговор.
-
Мајсторите исчезнуваат – земјава е во сериозна криза
Македонија е на работ на сериозна криза во снабдувањето со квалификувана работна сила, со особено тешки последици за градежништвото и занаетчиството.
-
Од утре започнува законската одредба за поседување зимска опрема
Од петок – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи (Службен весник бр. 31 од 2010 година).
-
Преговарање за плата: Мажите бараат повеќе, жените се попретпазливи
Неодамна спроведеното меѓународно истражување за преговорите за плати, открива интересни согледувања од над 24.000 учесници од девет земји (Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Чешка, Словачка, Естонија, Литванија, Латвија).
-
Реченица која никогаш не смеете да ја „гуглате“, доколку не сакате да западнете во сериозни неволји!
Пребарувањето „Дали бенгалските мачки се легални во Австралија“ (Are Bengal Cats legal in Australia) на Гугл може да има сериозни последици за корисникот, велат експертите за сајбер безбедност.
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената „Тодор Проевски“ во Скопје.
-
Работа во странство – колку навистина заработуваат Македонците на привремена работа надвор од земјата?
Во последните години, сè повеќе Македонци се решаваат да заминат на привремена работа во странство, мотивирани од надежта за подобра заработка и повисок животен стандард.
-
Биткоинот руши рекорди – Ќе оди ли до 100.000 долари?
Најголемата светска криптовалута постигна рекордни височини во средата, со вредност од 93.158 долари – пораст од 32% по изборите во САД на 5 ноември. Растот е поддржан од победата на Доналд Трамп, кој во својата кампања вети дека САД ќе станат глобален центар за криптовалути и дека ќе се инвестира во национални резерви на биткоин.
-
Grand Casino Admiral ве очекува и овој четврток на Ladies Night
Дали сте подготвени за вечер на забава, возбуда и добивки? И овој четврток во 20 часот, Grand Casino Admiral во хотел Лимак приредува ексклузивна забава за сите дами. За добредојде, секоја гостинка ќе добие промотивен тикет во вредност од 10 евра!
-
Нудат плата од 1.600 евра, но не можат да најдат работник: Tешко до работна сила и на најатрактивната локација
Кафе барот „Сљеме 360°“ е отворен на веројатно најнеобичното место во Хрватска, на врвот на телевизиската кула на Медведница. И покрај атрактивната локација, тие денес мака мачат да најдат работна сила, односно келнерка.
-
Секој денар се вложува во недвижнини, цените полудеа а становите одат како алва
И покрај високите цени, интересот за купување станови не се намалува. Од агенциите за недвижнини велат дека купувањето недвижности е тренд не само во Скопје туку и во регионот. Цената на квадратот се движи од 1.800 до 2.500 евра во Скопје, од 4.000 до 5.000 евра во Србија, од 3.000 до 4.000 евра во Црна Гора.
-
Синдикалците не отстапуваат од барањето за минималец од 450 евра и бараат да не се чека март
Синдикатите во земјава не отстапуваат од своето барање за минимална плата од 450 евра. Бараат Владата што поскоро да го свика социо-економскиот совет.
-
Понесете си чадор, денес и утре ќе врне дожд
Времето денес ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), информираат од УХМР.
-
Индексот на квалитетот на воздухот во Индија надмина 1.000, смог и магла во главниот град
Новиот бран на загадување во Њу Делхи утринава достигна алармантни нивоа со индексот на квалитетот на воздухот над 1.000, соопшти швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот IQAir.
-
Минималната плата во БиХ ќе се зголеми од 300 на 600 евра
Федерацијата Босна и Херцеговина воведува фискални реформи, кои ќе ја зголемат минималната плата на над 600 евра, речиси двојно повеќе од сегашната.
-
Од Влае до Центар за 250 денари – поскапува такси превозот во Скопје?
Таксистите во Скопје бараат поскапување на такси-услугите, истакнувајќи дека моменталниот ценовник не е изменет цели 11 години, што според нив веќе е некомпатибилно со сегашните економски услови.
-
Тежок живот студентски – колку чини да се биде студент во Македонија?
Да се биде студент денес во Македонија значи носење на значителен финансиски товар, кој честопати ја надминува само школарината. Од трошоците за сместување, преку храната и транспортот, до дополнителните активности и потребни материјали за учење – сите овие ставки претставуваат значајни трошоци за студентите и за нивните семејства.
-
Се менуваат условите за пензионирање во Србија за помалку од два месеци
Од Нова година, за помалку од два месеца, ќе стапат на сила новите правила за пензионирање во соседна Србија. Прописите наведуваат дека услов за пензионирање на жените од 1 јануари 2025 ќе биде, наполнети најмалку 63 години и 10 месеци.
-
Двајца работници треба да работат за еден пензионер да зема пензија
Во септември, пензионерите добија покачување од 2.500 денари, а идната година ќе добијат уште толку. Но, и со ова зголемување пензиите во државата се мали, односно се под минималната плата и не се доволни две пензии за да се покријат месечните трошоци согласно со минималната потрошувачка кошничка, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.
-
Зошто старите луѓе мирисаат поинаку? Вистината за мирисот на постарите
Половина од луѓето над 60 години кои ги проучувал тимот на д-р Хејс произвеле толку малку 2-Nonenal што човечкиот нос нема да има шанса да го открие.
-
Метеоролозите најавуваат дожд и снег во следните денови
Времето до петок ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од променлив интензитет.