Aktualno
-
Германија ја зголемува цената на јавниот превоз
„Со оваа цена ќе ја задржиме атрактивноста на картата и ќе ја поставиме финансиската основа на поцврсти темели“, рече Оливер Кришер, министер за транспорт на покраината Северна Рајна-Вестфалија.
-
Може ли Охрид да има масовен туризам, а да го задржи уникатниот идентитет?
Туристички центри во регионот ги зголемија туристичките такси, а некои градови почнаа да наплаќаа дневна влезница за туристите и такса за туристите што користат сместување во градот.
-
НА ПОВИДОК НОВА ДРЖАВА НА БАЛКАНОТ?! Албанскиот премиер создава микродржава во Тирана, слично на Ватикан
Албанскиот премиер Еди Рама најави дека ќе создаде суверена микродржава во Тирана за заедницата Бекташ, членови на исламскиот суфиски ред, која ќе промовира умереност, толеранција и мирен соживот.
-
Сеизмолошката опсерваторија објави мерки за заштита од земјотрес: Еве што треба да правите во случај на потрес
Со случениот земјотрес изутринава во град Скопје, на 23.09.2024 година, во 02:02 часот по локално време, со локална Рихтерова магнитуда ML=3.4, кој ги вознемири жителите на град Скопје, Велес, Свети Николе и околните населени места, ја користиме оваа прилика да се потсетиме на мерките за заштита од земјотрес. Ве замолуваме да го скенирате следниот QR код, кој ќе Ве упати кон мерките за заштита пред, за време и по случен земјотрес.
-
Продажбата на автомобили во ЕУ опаѓа, а во Македонија расте
Европа забележува голем пад на продажбата на автомобили. За месец август се продадени 644 000 нови автомобили, што во споредба со август 2023 години е за 18,3 отсто помалку. Намалувањето на продажбата е регистрирано на сите четири европски водечки пазари, германскиот, италијанскиот, францускиот и шпанскиот.
-
Зошто есента е најдобро време за патување: 5 дестинации без гужви
Ако досега сте верувале дека летото е најдобро време за патувања, размислете повторно. Есента, со својата уникатна убавина и пониски гужви, нуди идеални услови за нови авантури. Иако времето може да биде променливо, тоа не значи дека треба да останете дома. Всушност, со враќањето на луѓето од морето и започнувањето на новата работна сезона, есента е време кога можете да ја планирате вашата следна дестинација без стресот на туристичките гужви. Ова се пет места што се одлични за есенски одмор.
-
“Не дај Боже да ти затреба лек што не оди на рецепт, прескапо е” – Дали лекувањето во Македонија стана луксуз?
Дали лекувањето во Македонија стана луксуз, кое не секој може да си го дозволи?
-
Оваа земја го има најевтиното гориво на светот: Еве колку чини!
Најевтиниот литар бензин во светот е во Ангола, каде чини само 0,029 евра.
-
Поскапуваат бензините и дизелот
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
-
Како да станете германски државјанин?
Германија е една од водечките земји во Европа кога станува збор за можноста за стекнување државјанство преку процесот на натурализација (Einbürgerung). Секоја година, илјадници странци успешно минуваат низ овој процес, со што се стекнуваат со право на германски пасош и голем број права кои доаѓаат со германското државјанство. Оваа статија дава сеопфатен преглед на постапката, условите и придобивките од стекнувањето германско државјанство преку натурализација, врз основа на официјални информации од Министерството за внатрешни работи (Bundesministerium des Innern, BMI).
-
НЕ МОЖЕМЕ БЕЗ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Ни нудат корисни информации, но и „бегство од реалноста“
Социјалните мрежи се составен дел од нашиот живот, имаат свои позитивни, но и негативни страни. Тие ни нудат многу корисни информации, се информираме за обуки, доедукација, вработување, но во исто време постојат и луѓе кои преку социјалните мрежи креираат некој имиџ за себе кој е нереален.
-
Некои се задоволни, а некои разочарани – што мислат граѓаните за есенската кошничка?
Владата веќе ја претстави есенската потрошувачка кошничка, со која 73 основни прехранбени производи следниот месец ќе се продаваат по пониска цена со цел справување со инфлацијата и намалување на трошоците за живот на граѓаните.
-
Дневница од 1.600 до 2.000 денари, платена и храна: Овој град во Македонија има потреба од берачи на јаболка
Ова е цената за берење на јаболка која се очекува да биде понудена на јаболкоберачите во Преспа.
-
Колку примања се потребни за удобен живот во европските престолнини?
Трошоците за живот во големите европски градови постојано растат, а според најновите истражувања, значителни примања се потребни за да се води удобен живот во престолнините како Париз, Берлин и Лондон.
-
ТАВ АЕРОДРОМ:ПОДГОТВУВАМЕ ГОЛЕМ МАСТЕР ПЛАН ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЛЕТОВИ И ПОДОБРУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА АЕРОДРОМИТЕ
Ќе има нови летови
-
Оваа есен Земјата добива „втора Месечина“
Гравитациското влечење на Земјата ќе предизвика заробен астероид да кружи околу нашата планета скоро 60 дена.
-
Во државата има 100 илјади невработени, а никој не се јавува на огласите за работа
НЕВРАБОТЕНОСТА СЕ ТОПИ, НО ВЕЌЕ НЕМАМЕ НИТУ РАБОТНИЦИ
-
Наместо два останале 12 дена во Македонија: Брачен пар со три деца од Литванија воодушевени од македонските убавини
Брачен пар од Литванија со своите три деца воодушевени од убавините на земјава годинава наместо првично планираните ден-два останале 12 дена. За македонските природни убавини се информирале од интернет и од нивни блиски роднини кои ја посетиле државава.
-
Од денес започнува есента
Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.
-
Над 50 олдтајмери од Западна Европа следната година ќе дојдат во Македонија како дел од Бахус Класик релито 2025
Над 50 олдтајмери од Западна Европа и регионот кон крајот на септември и почетокот на октомври следната година ќе бидат дел од меѓународно рели од премиум ранг што ќе се вози низ државава. Учесниците ќе имаат можност да дегустираат македонски вина, да вкусат традиционална македонска храна, а притоа да посетат и неколку културно-историски знаменитости.
-
„Lamborghini“ претставува лимитирана едиција на елегантни и луксузни – детски колички
Ако купувањето на „Lamborghini“ автомобил е вашиот далечен (и скап) сон, постои полесен начин да го внесете овој луксузен бренд во вашиот дом: купете му на вашето дете лимитирана „Lamborghini“ детска количка.
-
НУДАТ ПАРИ ЗА ДОСЕЛУВАЊЕ: Мало место во Лапонија бара нови жители
Малиот шведски град Гломерстреск во Лапонија нуди финансиска стимулација за луѓе кои би се доселиле кај нив.
-
СЕ МЕСТАТ КАМЕРИ: И Кавадарци стана дел од „Сејф сити“, но никој не знае кога ќе започнат казнувањата
И Кавадарци, по Скопје, Тетово и Охрид, стана дел од сообраќајниот проект „Сејф сити“ град со поставени камери на секои крстосници, семафор. Локалниот систем со камери ќе се интегрира во системот на МВР., но никој не знае кога ќе започне примената, односно „ловот“ на сообраќајни прекршоци.
-
Каде се наоѓа Поинт Немо – најоддалечената точка во океанот?
Планетата Земја е полна со скриени места. Еден од нив е градот Рјукан, до кој сончевата светлина не допира, индонезиски вулкан кој исфрла сина лава и тајната банка на семиња Свалбард, пренесува РТС.
-
Кои европски земји се најевтини за студирање: Една е од регионот
Европските земји се познати по квалитетно образование, богата култура и врвна технологија, но тие често се најскапите дестинации за студирање во странство, особено за студенти од земји кои не се членки на ЕУ. Како најповолни се издвоени Германија, Словенија, Грција, Естонија, Полска и Португалија.
-
Жителите на овие европски градови се најнезадоволни од јавниот превоз, а помеѓу нив се и нашите сограѓани
Европската комисија во својот извештај потенцираше дека јавниот превоз има големо влијание врз општото задоволство на жителите од градот во којшто живеат.
-
Во оваа земја возачите се особено внимателни кога врне: Казната е 339 евра ако испрскате пешак
Обилните дождови се суштински дел од пролетта и есента во Норвешка, но тоа не ги спречува локалните жители да уживаат на отворено. Проблемите се јавуваат кога патиштата се полнат со вода и не само што им ја отежнуваат поминувањето на возачите, туку можат да им го уништат денот на пешаците.
-
Просечната плата во Хрватска стигна до 1315 евра или речиси 700 евра повеќе од Македонија
Просечната јулска нето плата во Хрватска изнесува 1.315 евра, што номинално и реално исто како и во јуни, објави хрватскиот Државен завод за статистика (ДЗС). На годишна основа, просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 15,2 отсто, а реално за 12,7 отсто, во однос на јули 2023 година.
-
Уживајте во убавото време до понеделник, од вторник нов бран на дожд и грмежи
Управата за хидрометеоролошки работи известува дека убавото и сончево време ќе трае до понеделник каде потоа следува нов бран на дожд и грмежи.
-
Една од најстарите германски пиварници престанува да работи по 334 години
Gasthaus Schlössle произведува сопствено пиво од 1690 година, што ја прави една од најстарите пивари во Баварија. Сепак, производството ќе заврши на крајот на декември. Пиварницата од Ној-Улм повеќе не може да се носи со пазарот.
-
ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА: Сите 73 производи на кои им се ограничува маржата
Министерството за економија и труд ја објави целосната листа од 73 производи на кои им се ограничуваат профитните маржи на најмногу 10 отсто, со што се очекува намалување на нивните цени во трговијата на големо и мало. Одлуката за ограничување на маржите ќе трае до 31 октомври.
-
Просечната плата пак се зголеми -изнесува 40 961 денари
Дали е реална?
-
Да не се закачате со Жените од Карпош - Се нуди бесплатна обука за самоодбрана
Општина Карпош во соработка со полицискиот боречки клуб „Безбедност“ ќе продолжат со бесплатната обука за самоодбрана и фитнес, наменета за жени и девојки кои живеат на територијата на Карпош.
-
Се бара решение за камерите во сообраќајот – што ако снимат премногу прекршоци?
Министерот за внатрешни работи, информираше дека се работи на техничко решение, но е потребно и законско уредување за функционален систем за следење на сообраќајот преку камери, пренесуваат од Слободен Печат.
-
Објавена есенската кошница – ориз, брашно, тестенини, масло и млечните производи ќе бидат со ограничена маржа
Ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогурт, млечни производи, зеленчук, овошје, се на листата со 73 три производи во таканаречената есенска потрошувачка кошница. За нив бруто профитната маржа ќе биде ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало, а во маркетите ќе бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“, одлучи денеска Владата, на предлог на Министерството за економија и труд.
-
Цената на биткоинот надмина 63.500 долари – што е следно?
Намалување на главната каматна стапка од 50 базични поени од страна на Федералните резерви на САД, како и првото купување на биткоин од претседателски кандидат во крипто бар (Доналд Трамп направи трансакција со биткоин во тематската лента „PubKey“ во Њујорк,) одржувајте го доброто расположение на пазарот на крипто. Сепак, некои набљудувачи остануваат скептични за долговечноста на релито, напиша „CoinDesk“ во материјал.
-
Масовно се краде грозје, садници, системи за наводнување, земјоделски машини, алати
Се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини, алати и други предмети од ниви и земјоделски имоти на територијата што ја покрива Секторот за внатрешни работи - Велес. Оваа информација ја потврди за МИА, Биљана Ѓаковска, портпарол во СВР - Велес.
-
Од утре очекувајте благо затоплување - Ова е викенд временската прогноза
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
-
ОВАА АЗИСКА ДРЖАВА ЈА БУТНА ШПАНИЈА ОД ТРОНОТ: Сингапур има најсилен пасош на светот
Сингапур се искачи на врвот на рангирањето на најсилните пасоши во светот, соборувајќи ја Шпанија од првото место. И покрај тој удар за земјата, европските нации – вклучително и Шпанија, сега испадната на второто место – го сочинуваат остатокот од првите пет.
-
Не можат да платат билет, бидејќи новите валидатори не работат
Патници сведочат дека кога се возеле на линијата со број 65-б, која сообраќа од Транспортниот центар до Смилковци и обратно, кога влегле во автобусот, валиодаторите и на предната врата и на задната врата не работеле.
-
Се укинува целосната забрана за движење во шума
Укината целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари, информира Јавното претпријатие „Национални шуми“.
-
Крш, мизерија... Дали Скопје ја заслужува титулата „грд град во Европа“?
Не стивнуваат критиките на сметка на Скопје, градот кој како главен треба да личи на метропола и да ги задоволува потребите на бројните жители. За жал, граѓаните секојдневно сведочат дека градот е „хаос“ во секој можен аспект, а предничи во сообраќајниот метеж и неред, загадениот воздух, како и во нехигиената.
-
Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити
Вкупните депозити анализирани на годишно ниво, во август се зголемени за 9,1%, што се должи на растот на депозити на двата сектора, со доминантен придонес на секторот домаќинства, соопшти Народната банка.
-
Просечната нето плата во јули надминува 40 илјади денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Големо откритие: Научниците открија нова крвна група
Истражувачите од Велика Британија и Израел опишаа нов систем на крвни групи кај луѓето, "MAL", и тоа 50 години откако во 1972 година беше откриено дека недостасува важен антиген во крвта на бремена жена.
-
Германија депортираше 36 македонци
Првиот чартер лет како дел од најновата офанзива за депортација на германската влада полета пред две недели за Авганистан. Вториот вчера од Хамбург до Белград и Скопје. Според весникот „Билд“, во него имало 36 лица, главно државјани на Србија и Косово, на кои им било одбиено правото на азил или поради некоја друга причина немаат право да останат во Германија. Меѓу нив има и осудени криминалци.
-
Колку се исплати правењето домашен ајвар?
Секоја есен, мирисот на печени пиперки и традиционалниот ајвар го означуваат почетокот на сезоната на зимница во македонските домови.
-
Пензионери чекаат ред за да берат јаболка – дневницата достигнува 2.200 денари
Во сезоната на берба, македонските овоштарници се соочуваат со нов тренд: зголемената ангажираност на пензионерите и берачите од Албанија во процесот на берење јаболка.
-
Жените им ја крадат ракијата на мажите
Србија ја направи првата ракија за жени
-
Секое следно лето ќе биде подолго и потопло од претходното
ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ НОСИ ЕКСТРЕМНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
-
Фолксваген сака да укине до 30.000 работни места во Германија и да ги намали инвестициите
Производителот на автомобили Фолксваген сака да укине до 30.000 работни места во Германија и да ги намали инвестициите, објави германскиот деловен портал Менаџер.
-
Како да се постигне поголемо производство со помалку работници?
Секоја година до 2040, работната сила во Европската Унија ќе се намалува за два милиона луѓе, па затоа е неопходно да се потпреме на продуктивноста за да се забрза економскиот раст. Ова, меѓу другото, е нотирано во новиот извештај на ЕУ за конкурентноста, поради што сè почесто се поставува прашањето за односот на трошењето на работната сила и продуктивноста на нејзината економија.
-
Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство
Вложувањата на граѓаните во патничко осигурување за патување во странство во јуни, јули и август достигнале 2 милиони евра, што е за 6 проценти повеќе од истиот период лани. Истовремено износот на исплати за штети покриени со патничко осигурување, за овој период, е зголемен за 89 отсто и достигнал 560.000 евра, објави Агенцијата за супервизија на осигурување.
-
Просечната јулска нето плата во Хрватска 1.315 евра
Просечната јулска нето плата во Хрватска изнесува 1.315 евра, што номинално и реално исто како и во јуни, објави денеска хрватскиот Државен завод за статистика (ДЗС).
-
Kој беше првиот милијардер во светот?
Додека денес светот разговара кој ќе стане првиот трилијардер, односно првиот човек кој ќе има богатство од илјада милијарди долари, вреди да се потсетиме кога го добивме првиот милијардер.
-
Три европски земји на врвот – кои се најбезбедните земји во светот?
Во рангирањето објавено од U.S. News & World Report Во својата годишна листа на најбезбедни земји според News & World Report, 15 европски земји се најдоа на првите 25.
-
Од 1 јануари 100 евра казна за возачка дозвола со „Република Македонија“
Возачките дозволи со старото име на државата „Република Македонија“, нема да важат после 31 декември 2024 година
-
“Со овие цени илузорно е да се прави зимница” – Изумира ли традицијата на правење ајвар и зимница во Македонија?
Есента ни е пред прагот а со тоа започнуваат и подготовките за правење на зимница.
-
Летачки такси-возила во Дубаи на почетокот на 2026 година
Летачките такси-возила во Дубаи ќе започнат со работа до првиот квартал на 2026 година, изјави Калед ал Авади, директор на Одделот за транспортна технологија во Управата за патишта и транспорт на Дубаи.
-
Помалку продолжени викенди и неработни денови во 2025 година
До крајот на годината нè oчекуваат уште неколку неработни денови и продолжени викенди.
-
Продавачите на дрва за огрев ги фаќа паника – дрва има, купувачи нема!
Во време кога традиционалните методи на греење се соочуваат со намалена популарност, пазарот за огревно дрво во Скопје сведочи за драматичен пад.
-
Бидете внимателни! Увезуваат ориз од Индија и од Пакистан, а лажат дека е од Кочани
Во Кочанско, регион познат по својот квалитетен ориз, локалните производители се соочуваат со невидена криза.
-
Од јануари казни за оние кои возат со стари возачки - Еве колку ќе треба да платите!
Возачките дозволи со старото име, треба да се заменат до први јануари 2025 година. Доколку возачите тоа не го сторат и продолжат да возат со возачки со старото име и доколку бидат застанати од сообраќајната полиција, ќе треба да платат казна.
-
Времето ги исплаши скопјани, но за грејната сезона ќе мора да почекаат
Иако временските услови за момент ги исплашија скопјани, за грејната сезона ќе мора да почекаат.
-
Чистење вошки - бизнис кој цвета!
Еден третман и до 50 евра
-
БОГАТА, ЗЕЛЕНА, НЕУТРАЛНА: Швајцарија прогласена за најдобра земја за живеење на светот
Швајцарија е најдобра земја на светот за живеење, и тоа трета година по ред, покажа едно американско истражување. Неодамна објавената анализа за 2024 година ги одразува перцепциите на 89 земји врз основа на истражување кое опфатило речиси 17.000 глобални граѓани, при што испитаниците ги поврзуваат нациите со десетици атрибути во 10 подрангирања како што се наследството, културното влијание, моќта и социјалната цел.
-
КОЛКУ УБАВИ МЕТЕО ВЕСТИ: Почетокот на октомври ни носи мини лето, еве ја прогнозата за цел месец
Со она што можам во моментов да го кажам за месец Октовмри, е тоа дека судејќи според моменталните излези на најажурниот прогностички модел “Европскиот Центар за Среднорочна проноза” (ECMWF), може да се надеваме на мини лето и на потопло и постабилно време во првата половина од месец Октовмри, додека втората половина од истиот месец ни носи повеќе врнежи, како и пониски температури, вели метеорологот Славчо Попоски.
-
Сè што треба да знаете за работната позиција ДИСПЕЧЕР
Сигурно илјада пати сте слушнале дека некоја ваша пријателка (или пријател) се вработила во американска компанија која се занимава со диспечерство и дека таа (или тој) има плата која надминува 2000 евра. Генерално, најголем дел од кандидатите кои се пријавуваат за работното место диспечер, се пријавуваат затоа што платата е висока. Но, ајде навистина да разгледаме какви се барањата за работа како диспечер од почеток до крај.
-
НЕМА ВЕЌЕ ДРЖАВНИ ВОЗИЛА ЗА ПРИВАТНИ ЦЕЛИ! Ќе имаат таблички со посебна боја и ќе се знае кој каде оди
Директорот на СОЗР, Ивица Томовски најави борба против злоупотребата на државните ресурси: Крај на лошите практики од минатото за користење на државни возила за приватни цели!
-
Грција ќе наплаќа влезница на туристите од 20 евра за посета на островите
Грчката влада има намера да преземе акција против масовниот туризам од бродовите за крстарење на популарните острови. Пакет различни мерки се планирани за следната година, вклучувајќи дополнителни трошоци за туристите, се вели во извештајот објавен денеска во весникот „Катимерини“. За масовниот туризам има бројни поплаки од жителите на островите, Санторини особено претрпе од разорните еколошки ефекти на масовниот туризам.
-
Без телефони на училиште - Пехчево е веќе во ЕУ
Ако има иницијатива за ограничување на пристапот до мобилни телефони во училиштата Министерството за образование за РСЕ одговори дека е подготвено да ја спроведе. Аргументи „за“ и „против“ на учениците и педагозите. Ова правило веќе се спроведува во основно училиште во Пехчево, додека е новитет во некои европски земји
-
ЕУ ќе препорача забрана за пушење на отворено, и е-цигарите ќе бидат вклучени во забраната
Европската комисија ќе предложи продолжување на постојната забрана за пушење на отворени простори, според нацрт-предлогот пренесува „Еуроњуз“.
-
Пчеларите смислуваат нови производи за да заработат – сте пробале мед со цвекло?
Пчеларите од Повардарјето се соочуваат со сериозни предизвици оваа година, со речиси преполовени приноси на мед.
-
Охрид ја менува стратегијата за туризам – еве на што ќе биде фрлен фокусот
Охрид, со сета своја неповторлива природна убавина и богато културно наследство, долго време е магнет за туристи од целиот свет.
-
Се крена бура поради „укинувањето на Шенгенот“: Германија ветува – нема да има гужви на границите!
На патниците им се препорачува да носат лични документи или визи, доколку се државјани на земји кои не се членки на Шенген зоната.
-
Грците стануваат се посиромашни
Стапката на сиромаштија е 26,1 отсто
-
На децата помлади од две години треба да им се забрани времето пред екрани, велат Швеѓаните
Не е тајна дека премногу време пред екраните може да има негативно влијание врз детските мозоци во развој. Но, шведските здравствени експерти сега одат чекор понатаму и препорачуваат малите деца воопшто да не користат дигитални уреди и телевизија.
-
Ние го фрламе, додека во Данска прават бизнис од него: Килограм од овој производ во Македонија чини околу 300 денари
Веќе е општопознато дека Скандинавците се лидери во одржливиот развој и заштитата на животната средина. Норвешка веќе дозволува крстарења со еколошки бродови, Шведска толку „избезумено“ рециклира ѓубре па го снемува и мора да се увезува од други земји, додека во Данска, меѓу останатото, смислија и нешто друго.
-
Сакате да започнете бизнис со фитнес центар? Ова е сè што треба да знаете!
Отворањето на фитнес центар е одлична можност за оние кои сакаат здравје и фитнес, но и за претприемачи. Со растечкиот интерес за здравјето, побарувачката за фитнес услуги е во пораст. Сепак, отворањето на фитнес центар бара добро планирање, финансии и разбирање на индустријата. Овој водич ќе ве води низ основните чекори за успешно отворање на фитнес бизнис.
-
НА AMAZON МУ ПРЕКИПЕ: Сите вработени назад на работните места, работа од дома само во одредени околности
Главниот извршен директор на Амазон, Енди Џеси, во понеделникот објави полно работно време во канцеларијата за вработените во Амазон, нагласувајќи ги придобивките од личното работење, објави германската новинска агенција dpa.