Aktualno
-
Дали треба да се загрижат македонските печалбари - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници
Како што германската економија продолжува да тапка во место, сè помалку компании планираат да вработуваат нови работници, додека се повеќе размислуваат за отпуштања, покажува новото истражување на институтот Ifo, пренесува германската новинска агенција (dpa).
-
Албанија ќе стане првата земја во регионот што ќе го забрани ТикTок
Оваа мерка е дел од иницијативата за зголемување на физичката и дигиталната безбедност во училиштата, презентирана на средба со родители и наставници.
-
Протече водата низ цевките, скопјани наскоро ќе добијат вода велат од Водовод
Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод отпочнаа со празнење на магистралниот водовод на предвидените локации. Операција се движи во рамки на предвиденото и очекувано е да заврши во предвидениот рок со вкупно време од помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод. Полнењето веќе е започнато и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа.
-
Денес е најкраткиот ден во 2024 година
Денес, 21 декември 2024 година, во 22 часот и 27 минути, настапува зимската краткоденица, која го означува почетокот на календарската зима на северната хемисфера на Земјата.
-
Граѓаните да внимаваат: Водата нема веднаш да биде безбедна за пиење по нејзиното пуштање
Институт за јавно здравје претходно даде насоки за подготовка до граѓаните, здравствените лица и угостителските објекти во контекст на тековното исклучување на вода. Денес нашите препораки се во насока за кои чекори треба да се преземат одкако водата ќе биде пуштена. Имајќи предвид дека е најавен прекин на водоснабдувањето, населението треба да биде запознаено и информирано дека ризиците по здравјето на населението може да се јават не само за време на недостатокот на вода туку, дури и да се зголемат после пуштањето на водата за пиење во водоводната мрежа односно по отстранување на дефектот.
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
За 550 денери се зголемила просечната плата во октомври во однос на септември. Статистиката пресмета дека вработените во просек земаат нешто над 42.000 денари плата. Оваа сума е за 2,300 денари повисока од октомвриската лани.
-
Поголем дел од Скопје остана без вода утрово, санацијата треба да заврши за најмногу 15 часа
Поголем дел од Скопје остана без вода утрово, откако започна најавената санација на главниот градски цевковод. Оваа сложена интервенција, според надлежните, е неопходна за долгорочното решавање на проблемите со водоснабдувањето. Од „Водовод и канализација“ уверуваат дека санацијата ќе биде завршена во рок од 15 часа
-
Пронајдена мистериозна сребрена амајлија стара 1.800 години која би можела да ја промени историјата на христијанството во Европа
Последен пат содржината на оваа амајлија била прочитана пред 1.800 години, кога христијанството се сметало за култ во подем. Сега научниците конечно го дешифрираа „франкфуртското сребрено писмо“ – 18 линии врежани во тенко парче фолија, сместени во заштитна амајлија, пишува „Дејли мејл“.
-
Кој сѐ ќе настапи на дочекот на Новата година во Охрид?
На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак, охридската група Take 5, DJ Gec и DJ Face.
-
Учениците во Србија ќе одат на распуст една недела предвреме
Српската министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ изјави дека Владата го усвоила предлогот на Министерството за образование зимскиот распуст за основците и средношколците низ целата држава да започне седум дена порано – на 24 декември, а ќе трае до 20 јануари.
-
По 40 години се враќа „Бушава азбука“ со новогодишна песна „Бушава Нова година“
2БА продукција, Види Вака раскажувачко студио и Георги М. Унковски го најавуваат враќањето на легендарниот образовно-забавен бренд „Бушава азбука“ со новогодишната песна „Бушава Нова година“.
-
Просечна плата: Македонскиот работник на дното во регионот
Во последните неколку години платите за прв пат имаа посериозна тенденција на раст, но тоа е резултат пред се на административни мерки – зголемениот минималец и покачувањата во јавниот сектор, како и одливот на работна сила во странство.
-
Зголемено и штедењето и кредитирањето, граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити
Во ноември оваа година, Народната банка објави дека вкупните депозити на годишно ниво се зголемени за 11,0%, додека кредитите забележале раст од 9,7%.
-
Посебен режим на сообраќајот од утре до понеделник во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 21 до 23.12.2024 (од сабота до понеделник) поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
-
Студентски отпор: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците
Министерството за образование и наука и ЈСП Скопје нека бидат свесни – студентите нема да молчат додека нивното право на бесплатен јавен превоз се гази поради нечија неспособност и суетност, реагираат од Студентски отпор.
-
Сѐ повеќе Германци сакаат да знаат како биле одгледувани животните од менито
Дури 39 отсто од Германците кои јадат месо сакаат да знаат како биле сместени и одгледувани животните од менито во ресторан и со што се хранеле, покажува ново истражување.
-
Шокантни наоди од анализата на чоколадото од Дубаи
Чоколадото од Обединетите Арапски Емирати, кое во последно време стекнува сè поголема популарност, особено на божиќните пазари во Германија, е под лупата на јавноста поради загрижувачките резултати од анализата.
-
Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава, изнесувала 42 134 денари, и во однос на октомври лани е повисока за 8.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Гответе оброци кои не бараат многу вода, споделувајте вода со соседите: ПРЕПОРАКИ ОД ИЈЗ ЗА СКОПЈАНИ
Институтот за јавно здравје во пресрет на најавениот прекин во снабдувањето со вода на голем дел од Скопје и околината од вечерва, издаде препораки за кои вели дека ќе им помогнат на жителите да се подготват и да го минимизираат влијанието.
-
Германските компании сè помалку вработуваат, a сè повеќе отпуштаат
Како што германската економија продолжува да попушта, помалку компании планираат да вработуваат нови работници, додека повеќе размислуваат за отпуштања, покажува новото истражување на институтот Ifo.
-
МВР: Од 01.01.2025 година задолжително регистарски таблички со ознака НМК
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024.
-
Гранд Казино Адмирал ве поканува на незаборавна предновогодишна забава – GLOW INTO 2025!
На 22 декември (недела), со почеток од 13:00 часот, Grand Casino Admiral – главната дестинација за забава и игри, организира голем настан под наслов GLOW INTO 2025, што ќе внесе магија и возбуда пред новогодишните празници.
-
Објавена е листата на најмоќните пасоши во светот: На која позиција е македонскиот?
Henley Passport Index, реномираниот индекс за рангирање на пасошите, ја објави најновата листа на најмоќни патни документи. Индексот, развиен од лондонската компанија Henley & Partners, користи податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) и се ажурира на секои три месеци.
-
Не можеме да ги задржиме младите, ама не можеме ни странците
Секој ден се празнат куќите, а младите во Македонија пакуваат куфери и купуваат билети во еден правец – Словенија.
-
ИЈЗ препорачува скопјани да наполнат резерви со вода и да ја трошат рационално
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) издаде препораки до жителите на Скопје што треба да ги следат од вечерва од кога е најавен прекин во водоснабдувањето.
-
Скопје утрово најзагаден град во Европа
На листата најзагадени градови во светот прв е Делхи, потоа следуваат Лахор, Акра, Дака, Кабул, а потоа е Скопје. Според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“, главниот град на Македонија утрово е најзагаден град во Европа.
-
Можеме ли да научиме од другите? Како Лондон се ослободи од загадувањето на воздухот
Во 1952 година, Лондон се соочи со една од најтрагичните епизоди во својата историја – Големиот смог. Пет дена густа загаденост на воздухот предизвикаа смрт на 12.000 луѓе, означувајќи пресврт во борбата против загадувањето.
-
ЕР СРБИЈА РАСТУРИ: Летово за српските туристи чартер лет до Кавала
Ер Србија следното лето ќе ги зголемува своите летови до грчките дестинации на 38 неделно, четири повеќе од минатото лето.
-
Белград ќе биде единствен град во Европа со бесплатен јавен превоз!
Од 1 јануари 2025 година јавниот градски превоз во Белград ќе биде бесплатен и веќе никој нема да мора да плаќа билет, соопшти градоначалникот Александар Шапиќ.
-
Како Свети Никола станал „Дедо Мраз“?
Свети Никола бил прогласен за светец за време на неговиот живот, но набргу по неговата смрт се верувало дека тој е всушност претходник на „Дедо Мраз“.
-
„The Simplifier“ или експертот за промени, Cyriel Kortleven, доаѓа на 13-та HR Days конференција
Cyriel Kortleven е ценет меѓународен говорник и експерт за промена на менталитетот со над 20 години искуство во областа на креативноста и иновациите. Препознаен по прекарот „Симплифајер“ (Simplifier), Кортлевен е познат по својот иновативен пристап кој им помага на организациите да ги поедностават процесите и да го надминат отпорот кон промените. Неговите идеи и методи ги користат глобални лидери и компании кои сакаат да изградат култура на доверба и агилност.
-
Повторно поскапе хамбургерот во 7ца
Еден од најпопуларните фаст фуд ланци во Скопје, сендвичарата 7ца повторно ги зголеми цените на храната.
-
Милијарди телефони седат во фиоки: Постојат две главни причини зошто луѓето чуваат стари уреди
Како што се приближува новогодишните празници, милиони луѓе ширум светот ги подаруваат своите стари паметни телефони на членовите на семејството и пријателите. Иако оваа практика станува се почеста, истражувањето на "GSMA", организацијата која ги претставува мобилните оператори на глобално ниво, открива дека огромен број стари уреди сè уште лежат во фиоки.
-
Кафеаните полни, а хонорарите на пејачите се качија над 5.000 евра
Кафеаните еден месец пред Нова година се полни. Ова го потврдуваат и кафеанџиите, кои велат дека интересот за славење годинава е многу поголем од минатите години и оти од 20 декември до 2 јануари 2025 година веќе сè е зафатено.
-
Тргна брзиот воз: Од Берлин до Париз за осум часа, билетите од 60 евра
Брзиот воз од Берлин до Париз е пуштен во употреба, намалувајќи го патувањето меѓу двете европски престолнини од сегашните 14 часа на само осум. Беа избегнати и претходните трансфери.
-
Студентите остануваат без бесплатен превоз од 1 јануари
ЈСП „Скопје“ не ги продолжува годишните картички за бесплатен превоз на студентите за 2025 година, што предизвика реакции од Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ.
-
Ноќта пред Св. Никола на плоштадот во Скопје: Поставена најголемата и најубава Божиќна пештера
Полека, но сигурно Скопје заличува на град во кој се слават новогодишно-божиќните празници.
-
Кои скопски населби ќе избегнат прекин на водоснабдувањето во сабота?
Скопјани се подготвуваат за најавениот прекин во водоснабдувањето на почетокот на претстојниот викенд.
-
Лажни понуди за ПОЕН+ картички: Тинекс ги предупредува корисниците да бидат внимателни
Тинекс Маркети ги предупредуваат корисниците за фалсификувани информации за ПОЕН+ картичка
-
”Sinsay”, ”NewYorker”, ”D Sport”, Жито Маркет, УНО, “Playpark” – кој сè ќе биде дел од Охрид Мол и кога ќе се отвори за јавноста?
Охриѓани, но и жителите од регионот oд мај 2025 ќе може да уживаат во понудата која ја носи новиот трговски центар Охрид Мол.
-
За првпат во историјата на Србија, два ресторани добија Michelin ѕвезди
Србија официјално стана дел од најпрестижните гастрономски дестинации, откако два ресторани – „Langouste“ и „Fleur de Sel“ – добија „ Michelin“ѕвезди.
-
Младите плаќаат и до 150 евра за изнајмување новогодишен стан
Со приближувањето на Новата година, цените на становите за изнајмување растат во сите големи градови во земјава.
-
Скопје утрово меѓу најзагадените градови во светот – Градот се бори да дише
Од Заводот за јавно здравство на Кантонот Сараево испратија препораки за носење специјални маски за лице со заштитни респираторни филтри. Во Скопје се уште нема ниту препораки за граѓаните, ниту пак конкретни мерки против загадувањето.
-
Внимавајте: Измамници под маска на Македонска Пошта испраќаат „СМС“ со цел да извлечат пари
Измамници под маска на Македонска Пошта испраќаат „СМС“ пораки со цел да извлечат пари.
-
Цената на какаото достигна нов рекорд, дали чоколадото ќе стане луксуз?
Цените на фјучерсите на какаото во Њујорк достигнаа нов рекорд, надминувајќи 12.000 долари за тон, во услови на зголемена загриженост поради намаленото производство во Брегот на Слоновата Коска, најголемиот светски производител.
-
Дубаи чоколадото ја освојува Европа: Цена од 300 евра на црниот пазар
Лудоста за Дубаи чоколадото расте, а шверцерите се преоптоварени, додека во Македонија слаткарниците започнаа со производство и го продаваат по високи цени.
-
Пушачите си ги „горат“ парите: Што би можеле да направат со финансиите кои ги трошат?
Според истражувањето на Аналитика тинк тенк, просечниот пушач во Македонија троши помеѓу 5.000 и 6.000 денари месечно, што на годишно ниво достигнува високи суми. Овие трошоци, како што покажува анализата, претставуваат значителен економски товар. Ако тие пари се пренасочат на попаметен начин, пушачите може да го подобрат својот животен стандард и да придонесат за своето здравје и иднина.
-
Граѓаните масовно купуваат вода: Полиците се испразнија низ маркетите во Скопје
Во маркетите и продавниците се бара шише плус, а рафтовите некаде се целосно испразнети а некаде едвај може да се најде по некое останато шише.
-
Исланд е најдобра земја за живеење на жените
Исланд речиси 2 децении доминира на рангирањата, како најдобра земја за живеење на жените.
-
Од 1 јануари струјата минимално ќе поскапи
Од 1 јануари во просек сметките за струја за домаќинствата во Македонија со просечна потрошувачка од прв, втор и трет блок ќе се зголемат за 0,92 проценти. Во првиот блок струјата ќе поскапи за 0,68%, за корисниците од вториот блок за 0, 90%, за третиот блок 1,93% и за најголемите потрошувачи на струја од чествртиот блок за 2,24 проценти.
-
Цената на струјата од јануари ќе се зголеми за помалку од 1 отсто
Од јануари 2025 година просечната цена на електричната енергија на домаќинствата ќе се зголеми за 0,92 проценти.
-
Неделен пресек на огласите: Работни места со плата над 40.000 денари
Оваа недела, ги издвојуваме најатрактивните работни места со плата над 40.000 денари. Ако барате нова работа со конкурентни услови, не пропуштајте ја оваа можност за да аплицирате!
-
Градскиот превоз во Белград од 1 јануари станува БЕСПЛАТЕН
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска најави дека јавниот градски превоз од 1 јануари 2025 година ќе биде бесплатен за сите граѓани на Белград.
-
Отворена најстрмната ЖИЧАРНИЦА во светот која води до ротирачкиот ресторан на Џејмс Бонд
Најстрмната жичарница во светот е штотуку отворена во Бернските Алпи во Швајцарија. Поврзувајќи го селото Штехелберг во долината со местото Мирен, жичарницата има наклон од 159,4 проценти.
-
ЗИМАТА Е ПЕРИОД СО ГОЛЕМ БРОЈ СЛАВИ: Како се славело некогаш, а како денес?
Верниците ги прават последните подготовки за одбележување на Свети Никола, но и самото славење низ годините претрпело некои промени.
-
Поларен бран пристигнува кон земјава, еве кога се очекуваат врнежи од снег
Под влијание на нов ладен и влажен воздушен бран од север, поврзан со циклонската активност која ќе биде со центар над Средоземјето, во петок попладне и навечер најпрвин врнежите ќе бидат од дожд и локално ќе бидат пообилни, особено во сабота, прогнозира метеорологот Славчо Попоски.
-
Лоши вести за астронаутите заглавени во вселената повеќе од 100 дена: Што се случува со нивното здравје?
Плановите за спасувачката мисија за двајцата астронаути на НАСА, Буч Вилмор (61) и Сунита Вилијамс (58), кои повеќе од 100 дена се „заробени“ во вселената, повторно се одложени. Нивното враќање, првично планирано за февруари, сега е поместено најрано за март.
-
УЈП со важно известување: Ако издавате имот за краток престој, доходот мора да пријавите
Управата за јавни приходи ги информира физичките лица кои издаваат недвижни имоти (станови, вили, викендички, апартмани или соби) за краток престој (не подолг од 31 ден во месецот), особено за време на претстојните празници, имаат обврска преку системот „е-Даночни услуги “, да го пријават доходот остварен од издавање на имотот. Ова се однесува и на издавање преку платформи како AirBnb, Booking.com, Facebook, Кајак и други.
-
Starbucks го зголемува платеното родителско отсуство за своите вработени
Starbucks објави дека го зголемува платеното родителско отсуство од шест недели на 18 недели, како дел од својата нова иницијатива. Ова проширено родителско отсуство ќе биде достапно за работниците кои работат повеќе од 20 часа неделно.
-
Во Милано пушењето на јавни места ќе биде забрането од 1 јануари 2025 година
Во Милано, вториот по големина град во Италија, од Нова година ќе биде забрането пушење на отворено.
-
Лажни работни понуди за странство – 5 сигнали кои не смеете да ги игнорирате
Во последниве години, потрагата по работа во странство стана тренд за многу луѓе кои бараат подобри животни услови, поголеми приходи или нови професионални предизвици.
-
Живот со семејство на странски дипломат – искуствата на една дадилка од Скопје
Сѐ повеќе млади жени во Македонија се одлучуваат за професијата дадилка, која станува не само популарна, туку и прилично добро платена.
-
Пораснаа платите во Еврозоната
Платите во еврозоната забележаа годишен раст од 4,4% во третиот квартал од 2024 година, што претставува забавување во споредба со 4,9% во вториот квартал, објави Евростат.
-
Во оваа земја камерите со вештачка интелигенција ги препознаваат пијаните возачи
Вештачката интелигенција станува нова алатка во борбата против возењето под дејство на алкохол или дрога. Во Велика Британија започна пилот-проект кој користи камери со вештачка интелигенција, првично создадени за откривање на возачи кои користат мобилни телефони или не носат појас. Овој нов систем е насочен кон препознавање на возачи кои можеби се под влијание на алкохол и дрога, со цел да се упатат полициските ресурси кон точните локации
-
Кој дише најчист воздух? Само седум земји ги исполнуваат стандардите на СЗО
Научниците предупредуваат дека загадувањето на воздухот претставува сериозна глобална здравствена закана. Во 2023 година, само седум земји постигнале безбедно ниво на квалитет на воздухот, според извештајот на швајцарската компанија за мониторинг на воздухот IQAir. Oвој извештај, базиран на податоци од над 30.000 мониторинг станици во 134 држави, покажува дека 124 земји ги надминуваат безбедните граници за PM2.5 честички, дефинирани од Светската здравствена организација (СЗО).
-
Од 2025, Флорида со закон ќе им забрани на децата пристап до социјалните медиуми
Девет нови закони ќе стапат на сила во Флорида на 1 јануари 2025 година, вклучително и ограничувања за децата на социјалните мрежи и закон со кој се забранува вознемирување на службите за итни случаи. Предлог-законот 3, усвоен од законодавниот дом на државата Флорида и потпишан од гувернерот Рон ДеСантис уште во март годинава, им забранува на децата под 13 години да имаат профили на социјалните мрежи и бара согласност од родителите за 14 и 15-годишници.
-
Како да го намалите трошокот за греење во зима?
Со доаѓањето на зимските месеци и падот на температурите, многу граѓани се соочуваат со прашањето: дали да го остават греењето да работи постојано или да го користат само по потреба? Оваа дилема не е само прашање на комфор, туку и на ефикасност, заштеда на енергија и намалување на трошоците.
-
Во сабота вода ќе има само во делови од Ѓорче и Сарај, Гази Баба, Чаир и Бутел
Додека Гази Баба, Општина Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарската улица до американската Амбасада, Визбегово, Бардовци, Автокоманда (високата зона), Ѓорче Петров од „СП Планет“ до Сарај, Сарај, Маџари и Сингелиќ ќе имаат вода. Од претпријатието не знаеја да кажат колку часа ќе трае интервенцијата
-
Кои апарати за домаќинство трошат струја дури и кога се исклучени?
Цените на струјата се зголемуваат, но висината на сметката сепак најмногу зависи од потрошувачката.
-
Речиси секој четврти работник во Европа е мигрант
Речиси секој четврти работник во Европа сега е мигрант. Особено во земјите со високи плати, овие луѓе играат сè поголема улога, според Меѓународната организација на трудот (ILO).
-
Колку вреди трудот на македонските готвачи во Германија?
Германија, позната по својот висок животен стандард и богата кулинарска сцена, е една од омилените дестинации за многу Македонци кои сакаат подобри услови за работа.
-
Новогодишна прослава за „само“ 550 евра! Еве колку чини луксузот наречен Нова година во Белград
Новогодишната ноќ во Белград полека станува луксуз кој многу луѓе тешко можат да си го дозволат. Од вечери во ресторани до резервации во клубови, цените вртоглаво растат, па излегувањето за најлудата ноќ може да чини колку просечна месечна плата и многу повеќе.
-
Преведувачите со полни раце работа: Кои документи граѓаните ги преведуваат за заминување во странство?
Во последниве години, се забележува значителен пораст на побарувачката за преведувачки услуги во Македонија, предизвикан од трендот на миграција. Голем број граѓани, било поради иселување во странство или заминување на привремена работа, имаат потреба од превод на документи како дипломи, препораки, потврди за неосудуваност и слично.
-
ТАВ Аеродроми: Визер почнува со продажба на авиобилети за Барселона, Лион и Штутгарт од скопскиот аеродром
По денешната средба меѓу генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, и управниот директор на Визер, Роланд Тишнер, билетите за трите нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт се официјално во продажба на веб-страницата на Визер.
-
Од Ѓорче до Ново Лисиче сите се „во фрка“ дали во сабота ќе имаат вода - Реакции на „X“
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во сабота ќе го затвори главниот градски цевковод Ф1600мм што се наоѓа во кругот на касарната во скопската населба Ѓорче Петров.
-
Зошто не е добро да се пере автомобилот на екстремно ниски температури?
Пред да влезете во автоперална, потребно е да се отстранат сите остатоци од снег и мраз. Бидејќи чистењето на мразот може да ја оштети бојата на возилото.
-
Work-Life Balance: Како компаниите можат да ги поддржат своите вработени?
Балансот помеѓу работата и животот претставува една од најважните теми во современото работно опкружување. Со брзиот напредок на технологијата и зголеменото оптоварување на вработените, постојано се наметнува прашањето: како компаниите можат да го поддржат своите работници и да создадат услови кои ќе овозможат успешен баланс помеѓу професионалниот и личниот живот на вработените?
-
Сараево и Дубровник ќе се поврзат со 350 километри велосипедска рута
Сараево и Дубровник наскоро ќе бидат поврзани со велосипедска рута долга 350 километри, која ќе поминува низ најубавите предели на Босна и Херцеговина и јужна Хрватска.
-
Рекорден број жени заземаат раководни позиции во најголемите германски компании
Процентот на жени во највисокото раководство во најголемите германски берзански компании достигна рекордно високо ниво, пренесе ДПА.
-
Се гради првиот аеродром за летачки такси возила во светот
Сè повеќе компании тестираат воздушни такси возила, а тоа би можело да биде дел од решението за намалување на метежот и се чини, идеално превозно средство за пократки релации.