Vrabotuvanje.com - Што сака да биде Новак Ѓоковиќ кога ќе заврши со тениската кариера?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Што сака да биде Новак Ѓоковиќ кога ќе заврши со тениската кариера?

Што сака да биде Новак Ѓоковиќ кога ќе заврши со тениската кариера?

Новак Ѓоковиќ уште сега сериозно размислува за следниот чекор, односно што ќе прави по завршување на тениската кариера. Српскиот тенисер е професионалец од 2003 година и досега има освоено 18 грен слем титули како и 82 триумфи на АТП турнирите, а е и тенисерот кој највеќе недели е на чело на АТП ранг листата. Тој се гледа како ментор на помладите тенисери и смета дека со своето знаење и искуство би им бил од голема помош.

Но, освен менторството и работата со младите тенисери, Ѓоковиќ би сакал да се испроба и во уште една професија која му делува примамливо.

– Би сакал да се испробам и како коментарот. Немам некои амбиции тоа да ми би биде главна работа, но веројатно ќе бидам на некој од грен слем турнирите. Зошто да не, ќе се испробам и во оваа улога, но нема да го правам тоа постојано. Би сакал да коментирам некој меч во кој настапува тенисер од мојата држава како Хамад Меѓедовиќ кој е млад и е талент со голем потенцијал- објаснува Ѓоковиќ.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje