Vrabotuvanje.com - Доделени HR наградите за 2020 година во организација на МАЧР
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Доделени HR наградите за 2020 година во организација на МАЧР

На сите добитници на наградите би сакале да им ги честитаме наградите и да им посакаме многу понатамошни успеси во доменот на нивната работа

Доделени HR наградите за 2020 година во организација на МАЧР
На онлајн настан во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) кој се одржа вчера (20.05.2021), беа доделени HR наградите за 2020 година, во три категории:
 
  • HR менаџер за 2020 година: Наградата ја понесе Марија Попова Мајсторова од Адиент
  • Млад HR ентузијаст за 2020 година: Наградата ја понесе Марија Попризова од А1 Македонија
  • Најдобра HR практика за 2020 година: Присутните на настанот ја избраа практиката "Во тимот е силата", одговорно лице Ангела Шенгуловска од Охридска банка АД Скопје
 
Во рамките на настанот, како долгогодишни соработници и поддржувачи на МАЧР, vrabotuvanje.com додели награда за „Најпосетуван огласувач“ на страницата за 2020/2021 година, која им припадна на ДУРА Аутомотив, со 97.132 посети. Наградата jа додели Дарко Велков, сопственикот на Vrabotuvanje.com.mk, а ја прими Олгица Божиновска Темелковска, HR специјалист во ДУРА Аутомотив.
 
Повеќе детали и видео на ЛИНКОТ.
 
На сите добитници на наградите би сакале да им ги честитаме наградите и да им посакаме многу понатамошни успеси во доменот на нивната работа.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje