Vrabotuvanje.com - 3 проверени трикови кои делуваат за СПАС од комарците
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

3 проверени трикови кои делуваат за СПАС од комарците

Станува збор за сосема природни средства, а сите состојки веројатно веќе ги имате.

3 проверени трикови кои делуваат за СПАС од комарците

Само неколку состојки од кујната ќе ви бидат потребни и нема да имате проблем со комарците.

Комарците знаат животот да нѝ го претворат во ’пекол‘. Колку е потопло, толку се побројни, затоа е добро да ги знаете овие трикови.

Станува збор за сосема природни средства, а сите состојки веројатно веќе ги имате.

Мирислива течност која комарците не ја поднесуваат

Направете ја оваа течност, ставете ја во сад, ставете помала свеќа која може да плови и комарците веднаш ќе избегаат.

Потребни состојки:

  • 2 лимони
  • 2 лимети
  • неколку гранчиња рузмарин
  • 8 до 10 капки етерично масло од еукалиптус
  • малку вода
  • пловечка свеќа

Подготовка:

Многу е едноставно. Во помала стаклена чаша истурете ја водата, лимонот, лиметата и рузмаринот. Додадете еукалиптус и на врвот ставете ја пловечката свеќа.

Каранфилче и лимон се спас од овие крвопијци

Преполовете неколку лимони или лимета, па во средина ставете 10-на каранфилчиња. Распоредете го лимонот таму каде што поминувате најмногу време.

Мириси кои проверено ги бркаат комарците

Комарците не сакаат мирис на ловор, босилек, лаванда, жалфија, рузмарин, еукалиптус … И сувиот талог од кафе ќе помогне, едноставно ставете го во метален сад и запалете го. Можете да користите кора од овошје или рузмарин, за да зовриете вода и, на крајот, може да користите и етерични масла.

Извор: точка.ком.мк

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje