Vrabotuvanje.com - Донација од над 700.000 денари на Sport Life за центарот за деца со аутизам во Охрид
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Донација од над 700.000 денари на Sport Life за центарот за деца со аутизам во Охрид

Хуманитарната акција на Sport Life „НАВИВАМЕ ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА“ која траеше од 11-ти до 21-ви јуни, обезбеди вкупно 712.500 денари, средства наменети за поддршка на Центарот за рани интервенции и третман кај децата со нарушувања од аутистичниот спектар, во Охрид.

Донација од над 700.000 денари на Sport Life за центарот за деца со аутизам во Охрид

Во деновите додека навиваме за нашата репрезентација на ЕУРО2020, Sport Life својата поддршка ја изрази со издвојување на средства за донација од секој уплатен тикет со одигран натпревар со македонската репрезентација.

„За нас во Sport Life, спортскиот живот и општествената одговорност секогаш одат заедно. Заедно навиваме и заедно со нашите играчи и членови овозможивме да се соберат над 700.000 денари за подобрување на животот и условите за третман на лицата со аутизам. За таа цел го потпишавме договорот за донација со Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ која што ќе биде наменета за нивниот центар во Охрид.“, изјави Емил Димитров, извршниот директор на Sport Life.

Sport Life, како и досега така и во иднина останува отворен за соработка со сите институции и организации за остварување на општествено одговорни проекти и цели во сите области на нашиот живот.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje