Vrabotuvanje.com - Кој тип на колега сте на работа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Кој тип на колега сте на работа

Кој тип на колега сте на работа

Постојат четири доминантни типови на колеги на работното место од кои секој успева на поинаков начин. Научниците тврдат дека спротивните типови на колеги е добро да се приближат. На почетокот можеби би се појавиле конфликти, но колегите со различни карактери можат меѓусебно да се балансираат.

Пионерот е заинтересиран за нови можности и поттикнуваат енергичност и креативност во тимот. Чуварите сакаат стабилност и воведуваат ред и дисциплина. Не сакаат да ризикуваат и подобро се чувствуваат кога се придржуваат до факти, бројки и детали. Тука се и возачите кои сакаат кои сакаат предизвик и победа. Интеграторот го поврзува тимот, а за овој тип на колега најважни се добрите односи меѓу колегите.

Пионери

Пионерите се друштвени, спонтани, прилагодливи, ентузијасти и креативни. Тие се фокусираат кон големи задачи, полни се со идеи и не се плашат да преземат ризици. Пионерите се заинтересирани за нови можности и поттикнуваат енергичност и креативност во тимот. За нив зборот “не“, не постои.

Чувари

Чуварите се затворени, резервирани и методични. За нив податоците и фактите се најважни, а деталите им се битни. Тие се практични и лојални, но повеќе сакаат самостојна отколку работа во тим. Ја ценат стабилноста и воведуваат ред и дисциплина. Се плашат да ризикуваат и сметаат дека од грешките треба да се учи.

Возачи

Возачите се посветени на работата, тие се натпреварувачки настроени и многу се љубопитни. Тие се логичари и сакаат да експериментираат, а проблемите ги гледаат како црно – бели. Го ценат предизвикот и даваат поттик на тимот. Сакаат да постигнуваат добри резултати и победи.

Интегратори

Интеграторите се чувствителни, традиционални и се грижат за меѓучовечките односи. Тие се одговорни за тимот и поврзување на членови. За нив најважно е да владее хармонија меѓу колегите. Интеграторите не се конфликтни личности.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje