Vrabotuvanje.com - Три држави во светот се целосно отворени за туристите, меѓу нив и една од Балканот
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Три држави во светот се целосно отворени за туристите, меѓу нив и една од Балканот

Од 1-ви јули, 29% од дестинациите во светот имаат целосно затворени граници за меѓународен туризам - тие се претежно мали островски држави во Азија и земјите од Тихиот океан.

Три држави во светот се целосно отворени за туристите, меѓу нив и една од Балканот

Само три дестинации се отворени за туристи без никакви ограничувања - Албанија, Доминиканската Република и Костарика, според најновите податоци на Светската туристичка организација - UNWTO.

Повеќето дестинации се затворени од мај 2020-та година, па дури и подолго. Една од три или околу 34 проценти од сите дестинации во светот се делумно затворени, а 36 проценти бараат негативен резултат од тест по пристигнувањето, во некои случаи и во комбинација со барање за карантин.

Сепак, поради појавата на нови видови на коронавирусот, 42 проценти од дестинациите во светот воведоа посебни ограничувања за посетителите од дестинациите со загрижувачки варијанти, од суспензии на летови и затворање на граници до задолжителен карантин.

Покрај тоа, Светската туристичка организација посочува дека постои поврзаност помеѓу брзината на вакцинирање и ублажувањето на ограничувањата, така што дестинациите кои имаат повисоки стапки на имунизација се во подобра позиција за лесно враќање на туризмот.

Владите имаат клучна улога во ова закрепнување преку соработка со секторите, употреба на податоци и дигитални решенија за безбедно патување и престој, што, заедно со глобалното воведување на вакцинација, треба да доведе до зголемена меѓународна мобилност и до укинување на ограничувањата во наредните недели и месеци.

Најмалку затворени дестинации во Европа

Според податоците на Светската туристичка организација, Европа е регион со најмалку затворени дестинации од 1-ви јули - 13 проценти, за разлика од Азија и Пацификот, каде што 70 проценти од сите дестинации се затворени за меѓународен туризам. Во Северна и Јужна Америка, петтина од местата се затворени за меѓународни туристи, во Африка 19 проценти, а на Блискиот исток 31 процент.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje