Vrabotuvanje.com - Летечкиот автомобил го реализираше својот прв меѓуградски лет
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Летечкиот автомобил го реализираше својот прв меѓуградски лет

Летечкиот автомобил го реализираше својот прв меѓуградски лет

Прототипот 1 на  летечкиот автомобил air car, опремен so БМВ мотор и стандардно горивом од бензинска пумпа, го реализираше  првиот меѓуградски 35-минутен лет помеѓу словачките меѓународни аеродроми во Нитра и Братислава.За разлика од eVTOL (електричен вертикален авион за полетување и слетањување), кој е сличен со големите дронови,  air car е вистински автомобил – и тоа летечки. Тоа значи дека може да се користи за два вида превоз, на пат како автомобил, но и како авион. Ова превозно средство го развила компанијата Klein vision и прв пат е представено во 2019. година.  Air car прототип 1 го направи својот прв лет на крајот на  2020 година и од тогаш  имал 142 успешни слетувања и над 40 часа летање.

Професорот Стефан Клајн, иноваторот на ова превозно средство и основач на компанијата  Klein vision, управал со  возилото двата режима. Кога слетал во Братислава, го претворил air car повторно во автомобил – процесот на вовлекување на крилата и опашката траеле помалку од три минути, а потоа се одвезол со возилото во град. Според Klein vision овој вид на превозно средство ќе го преполови времето на патувањата.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje