Vrabotuvanje.com - Ќе стане ли кафето луксуз?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ќе стане ли кафето луксуз?

Ќе стане ли кафето луксуз?

Цената на кафето во иднина би можела да забележи голем пораст поради недостигот на светскиот пазар. Кафето арабика во јуни достигна највисока цена во последните четири години, а експертите очекуваат растот на цената на оваа суровина да влијае на поскапување на кафето

Според официјалните податоци, цената на сировото кафе во јуни се движеше околу 1,7 долари, а експертите сметаат дека порастот е последица од огромната суша во Колумбија, организирани масовни протести, ширење на штетници и потешкотии при процесот на снабдување.

Германските производители најавуваат зголемување на цената за околу едно евро за килограм. Сопствениците на пржилници и трговци со кафе имаат склучени договори со добавувачите кои им нудат стабилни цени во период од три до шест месеци, но штом истече тој рок, постои можност цените да почнат да растат.

извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje