Vrabotuvanje.com - Сопственик за еден долар го продал својот угледен фризерски салон на својата вредна вработена
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Сопственик за еден долар го продал својот угледен фризерски салон на својата вредна вработена

Ја ангажирал фризерката, веднаш штом завршила занаетчиско средно училиште пред 15 години. Оттогаш работите стигнале дотаму што ѝ го продаде својот дуќан во Њу Хејвен, Конектикат, за само еден долар...

Сопственик за еден долар го продал својот угледен фризерски салон на својата вредна вработена

Пијо Императи, сопственик на фризерски салон што го носи неговото име, ризикувал и ја ангажирал фризерката Кети Мура, веднаш штом завршила занаетчиско средно училиште пред 15 години.

Оттогаш работите стигнале дотаму што, Императи ѝ го продаде својот дуќан во Њу Хејвен, Конектикат, САД, за само еден долар…

– Таа е добра фризерка, а и добра берберка. Ѝ го продадов дуќанот за еден долар, за да останеме пријатели. На крајот, се оствари мојот сон – да му ја предадам фризерницата на некој достоен, изјави Императи за весникот „Њу Хевен реџистри“.

Иако Мура ќе му плаќа кирија на Императи, таа сепак, заштеди десетици илјади долари за данокот за купување, а нема да плаќа ни за нова опрема, материјали и нема да бара нови муштерии. Императи (79) сè уште работи во неговиот поранешен салон, но сега само како „надворешен соработник“.

Мура, која сега е искусна работничка, се сеќава дека кога завршила училиште никој не сакал да ја вработи бидејќи немала искуство. Преку пријателка го добила телефонскиот број на Пијо, па така тој и неговата сопруга ја вработиле.

– Сега сме како семејство. Пијо е таков со сите што влегуваат во салонот. Тој сака секој што работи тука да напредува и да стане нешто!, вели Мура за Императи. 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje