Vrabotuvanje.com - На германските угостители им недостасуваат работници, еве колку плаќаат за готвач
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

На германските угостители им недостасуваат работници, еве колку плаќаат за готвач

На германските угостители им недостасуваат работници, еве колку плаќаат за готвач

Здружението на германски угостители се пожали за недостиг на персонал по укинувањето на пандемиските мерки и повторно отворање хотели и ресторани, а Федералната агенција за вработување соопшти дека за 14% е помал бројот на луѓето работат во угостителската индустрија отколку пред пандемијата.

“Многу хотели и ресторани се жалат дека немаат персонал“, рече Ингрид Хартгес, директор на здружение на германски хотелиери и угостители.
 
Најмногу недостасуваат готвачи, сезонски работници од странство и студенти. Хартгес објасни дека голем број помошен персонал, особено студенти, нашле нови работни места за време на затворањето поради пандемијата.

“Оние кои некогаш работеа како келнери преминаа на пример, во логистичката индустрија, која цветаше за време на пандемијата“, рече Хартгес. Таа додаде дека многу сезонски работници од странство кои работеле во германски ресторани и хотели заминале во Австрија и Швајцарија каде што угостителските објекти се отворија порано отколку во Германија.

“Индустријата и вработените имаат потреба од перспектива“, рече Хартгес, барајќи исто така даночни олеснувања за сопствениците на хотели и ресторани што ќе ги зголеми платите и ќе привлече доволно работници. Квалификуван готвач во Баден-Виртемберг, една од најбогатите сојузни покраини, заработува просечно околу 2.200 евра бруто месечно.

извор: biznisinfo.mk


 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje