Vrabotuvanje.com - Во Дубаи отворен најдлабокиот базен за нуркање, Вил Смит нурна во него (ВИДЕО)
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Во Дубаи отворен најдлабокиот базен за нуркање, Вил Смит нурна во него (ВИДЕО)

Во Дубаи отворен најдлабокиот базен за нуркање, Вил Смит нурна во него (ВИДЕО)

Холивудската суперѕвезда Вил Смит им се пофалил на своите следбеници на платформата Јутјуб дека го истражил најдлабокиот базен на светот – „Длабоко нуркање Дубави“ (Deep Dive Dubai).

До неодамна базенот „Длабоко место“ во Полска важеше за еден од најдлабоките базени (45,4 метри), а титулата му ја презеде „Blue Abyss“ чија изградба е во тек.

„Длабоко нуркање Дубаи“ е планиран како тренинг и истражувачки центар, но моменталниот фокус е ставен на туризмот и комерцијалната атракција.

На самото дно се наоѓа цел град, автомобил, дрвја, библиотека, гејминг соба, филмско студио, а американскиот актер меѓу првите се упатил во прекрасната авантура, пренесува „Аутоеволушн“.

Базенот е исполнет со 14 милиони литри вода, чија константна температура е 30 степени Целзиусови. Обезбеден е со голем број камери, додека активностите во водата може да се набљудуваат од специјалните прозорци.

Базенот во моментов е достапен само за поканети гости, пренесува „Нпр“. Прво бил посетен од престолонаследникот на Дубаи, шеикот Хамдан бин Мохамед бин Рашид Ал Мактум, а познати личности, вклучувајќи го и Вил Смит, го снимиле своето нуркање на социјалните мрежи.

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje