Vrabotuvanje.com - Британската полиција со рекордно запленување на 294 милиони фунти во криптовалути
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Британската полиција со рекордно запленување на 294 милиони фунти во криптовалути

Британската полиција со рекордно запленување на 294 милиони фунти во криптовалути

Британската полиција заплени рекордни 294 милиони фунти или 344 милиони евра во вредност од криптовалути. Акцијата била во склоп на истрагата за перење пари на криминални групи, кои што работеле во криптовалути. 

Лондонската полиција објави прво во вторникот за запленување на 180 милиони фунти, а три недели претходно заплени 114 милиони фунти во непознати криптовалути.

„Со развој на дигиталните плетформи, сведоци сме дека се повеќе криминалци користат криптовалути за да ги исперат своите валкани пари“, изјави шефот на лондонската полиција, Грејам МекНалти. 

Во склоп на истрагата е уапсена дури и 39-годишна жена. 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje