Vrabotuvanje.com - KIA го претстави редизајнираното издание на моделот Ceed
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

KIA го претстави редизајнираното издание на моделот Ceed

KIA го претстави редизајнираното издание на моделот Ceed

KIA ќе го претстави освеженото издание на едниот од своите најпродавани модели во Европа и ќе го понуди во сите три каросериски варијанти.

Едниот од најпродаваните модели од популарниот C сегмент до купувачите во Европа ќе пристигне кон крајот на годината.

Производството на освежениот Ceed почнува наредниот месец во фабриката на KIA во Словачка. Новиот модел ќе има поинаква маска на ладилникот и новодизајнирани куќишта за ЛЕД светла.

Основната понуда започнува со трицилиндричен турбо бензин мотор кој развива 120 КС и има 48-волтна хибридна технологија. Посилните 1,5 и 1,6-литарски турбо бензин мотори развиваат 160 и 240 КС.

Караванот го движи 1,6-литарски мотор на бензин со електричен мотор кој развива 141 КС и 265 Nm максимален вртежен момент, а капацитетот на батеријата му е 8,9 kWh.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje