Vrabotuvanje.com - Во Пекинг непочитувањето на домашните обврски ќе ве чини ,,дебелo''
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Во Пекинг непочитувањето на домашните обврски ќе ве чини ,,дебелo''

Во Пекинг непочитувањето на домашните обврски ќе ве чини ,,дебелo''

Често се дискутира колку вреди да се завршуваат домашните работи, а еден кинески суд исто така се занимавал со таа пресметка, и тоа во бракоразводна парница. Имено, на ново разведениот маж му било наредено да и плати на поранешната сопруга надоместок за работата што ја работела во нивното домаќинство.

Судот во Пекинг во областа Фангшан наредил мажот да и плати на својата поранешна сопруга 50.000 јуани или околу 7.700 американски долари за домашни работи во текот на петте години од нивниот брак. Нејзиниот сопруг вопшто не и помагал околу домашните обврски, ниту се грижел за детето, па така таа решила да гоказни, побарала финансиски надомест за својата работа.

Судот пресудил во нејзина корист. На пресудата и претходеше воведување на нов закон според кој сопружниците имаат право да бараат надомест за нивната работа, ако за време на бракот не биле соодветно поделени домашните работи или едниот неформално му помагал на другиот во работата.

Јавноста сепак е поделена околу овој случај. Некои веруваат дека домашните работи се вршат од љубов кон семејството и немаат цена, додека други сметаат дека споменатата жена добила мала компензација затоа што само „трошоците на дадилката во Пекинг би чинеле повеќе од сè што добила“.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje