Vrabotuvanje.com - Грција се подготвува за екстремен топлотен бран
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Грција се подготвува за екстремен топлотен бран

Грција се подготвува за екстремен топлотен бран

Грција се подготвува за екстремен топлотен удар со температури кои треба да се искачат и до 44 Целзиусови степени во наредните денови.

Грчката метеоролошка служба и Националната цивилна заштита во понеделникот издадоа предупредување, а жегата се очекува да потрае до 8 август, што е невообичаено долг период.

Од утре натаму се очекува во текот на ноќта да биде над 30 степени, што е особено тешка состојба за човечкото тело со оглед дека не може да се опорави од жештината.

Уште еден страв е можноста од забрзано ширење на пожари низ земјата во која во последните неколку недели паднало малку дожд, поради предвидените силни ветрови.

Грција веќе страдала од екстремни топлотни удари во минатото, но се очекува временските услови во наредните денови да ги надминат претходните нивоа.

Во 1987 година, 4.000 луѓе починале од сличен топлотен удар, кога системите за климатизација сè уште не биле вообичаени. Особено биле погодени постарите луѓе во градовите.

Големи делови на полуостровот Пелопонез изгореле во 2007 година за време на уште еден топлотен удар и силни ветрови. Десетици луѓе загинале.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje