Vrabotuvanje.com - Карактерни особини кои треба да ги поседува секој кандидат за работа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Карактерни особини кои треба да ги поседува секој кандидат за работа

Карактерни особини кои треба да ги поседува секој кандидат за работа

Колку се важни карактерните особини кога е во прашање работата? Покрај одредените стручни познавања и клучните компетенции, многу се важни и некои карактеристики на личноста, кои речиси сите менаџери ги очекуваат од своите вработени.

Мотивацијата за работата и успехот, креативноста и отвореноста се карактерни особини кои се најпосакувани кај новите вработени, сметаат менаџерите. Да имате стручно знаење и вештини е многу важно при вработувањето, но да имате вистинска личност, некогаш дури е и пресудно.

Во дигиталната компанија „Hyper Island’s“ спроведено е истражување на 500 бизнис лидери на полето на комуникацијата и технологијата, а дури 78 проценти изјавиле дека личноста им е најважниот квалитет кој го разгледуваат при вработувањето.

Најценети се квалитетите на високата мотивација за успех, отвореноста и креативноста.

По отворената и љубопитна личност, на менаџерите им е најважна складноста на личните вредности и ставовите на вработените со вредностите и ставовите на организацијата. Дури 53 проценти од испитаниците тие карактерни особини ги оцениле како најважни. Останатите вештини се на третото место по важност со само 39 проценти од гласовите.

Личноста е многу важна, но стручните знаења и вештините, односно клучните компетенции, сепак, се она што вас ве прави способен за работа. „Креативните технологии, UX/UI дизајн, програмирање и аналитика се меѓу најбараните“, стои во студијата.

Дури 20 проценти од менаџерите кои учествувале во истражувањето рекле дека најголем предизвик во комуникациската индустрија и индустријата за технологија, е пронаоѓањето, развивањето и задржувањето на вистински таленти.

„Развојот на технологијата оди многу брзо и нема знаци дека ќе забави, па така, вештините многу брзо стареат и потребни се нови“, рече директорката на компанијата „Hyper Island’s“, Џоана Фрелин, додавајќи дека способноста на поединецот да се носи со ситуациите и да биде ефикасен член на компанијата, го прави посакуван за работодавачите.

Специфичните компетенции сега се помалку важни со оглед на реалните предизвици и способноста за адаптација на забрзаните промени. „Љубопитната личност која е подготвена да учи и да освојува нови знаења и вештини е онаа личност која ќе преживее“, вели Фрелин.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje