Vrabotuvanje.com - Американските компании го одложуваат датумот на враќање на вработените во канцеларија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Американските компании го одложуваат датумот на враќање на вработените во канцеларија

Американските компании го одложуваат датумот на враќање на вработените во канцеларија

Големите американски компании како што се „Амазон“, „БлекРок“ и „Велс Фарго“ одлучија да го одложат датумот на враќање во канцеларијата како резултат на интензивното зголемување на бројот на заразени со делта-варијантата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Поради брзото ширење на делта-варијантата на коронавирусот во САД, компаниите започнаа да го преиспитуваат враќањето во канцелариите. Според информациите што американскиот гигант за е-трговија „Амазон“ ги сподели со своите корпоративни вработени во земјата, датумот на враќање во канцелариите, кој претходно беше одреден за 7 септември, одложен е за 3 јануари 2022 година.

„Велс Фарго“, една од најголемите банки во САД, исто така објави дека нејзините вработени ќе работат оддома до 4 октомври. Банката претходно објави дека нејзините вработени на работа во канцелариите ќе се вратат на 7 септември.

Од друга страна, меѓународната компанија за управување со инвестиции „БлекРок“, изјави дека делта-варијантата предизвикува загриженост за враќање во канцеларија и извести дека апликацијата за работење од далечина е продолжена до 1 октомври.

Минатата недела во САД, „Алфабет“, матичната компанија на „Гугл“, објави дека ќе ја продолжи практиката за работа оддома до 18 октомври. Покрај тоа, „Алфабет“ и американската технолошка компанија „Фејсбук“ донесоа одлука со која вакцинацијата е задолжителна за нивните вработени.

Според податоците што ги објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“, бројот на заразени со коронавирусот во САД достигна 35.335.990, додека бројката на починати во земјата во последните 24 часа е зголемен за 486 и изнесува 614.815.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje