Vrabotuvanje.com - Дура аутомотив системс и Алмак со нов инвестициски проект во земјава
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Дура аутомотив системс и Алмак со нов инвестициски проект во земјава

Дура аутомотив системс и Алмак со нов инвестициски проект во земјава

Делегација предводена од менаџментот на глобално реномираните компании Дура аутомотив системс и Алмак одржаа работна средба на која беше презентиран нивниот нов инвестициски проект во земјава.

Средбата е во пресрет на утрешното официјално стартување со инвестициските активности на двете компании кои донесоа одлука за заедничка инвестиција во Технолошо-индустриската развојна зона – Скопје 2.

Станува збор за нова инвестиција во висина од 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект каде ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија, кои значат имплементирање на врвна технологија и нови добро платени вработувања, што ќе влијае на севкупниот економски раст.

Компанијата од Јужна Кореа, Алмак, ќе има мнозински удел во заедничкиот инвестициски проект од 70%, а главна причина за нивната одлука за инвестирање во Северна Македонија, како што беше истакнато на состанокот, е позитивното искуство на нивниот бизнис партнер Дура аутомотив системс, кои ја потврдија одличната деловна клима во земјава и можноста за долгорочно планирање и развој на заедничкиот проект.

Почетокот на производството се планира за следната година.

Доколку сакате да бидете дел од оваа компанија погледнете ги сите активни работни позиции на ДУРА АУТОМОТИВ:

Инженер за квалитет одговорен за купувач

Погледнете ги деталите за огласот

Инженер за квалитет на процеси

Погледнете ги деталите за огласот

Заменик на менаџерот за одржување

Погледнете ги деталите за огласот

 

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje