Vrabotuvanje.com - Како да ја елиминирате мувлата и непријатниот мирис од веш машина
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Како да ја елиминирате мувлата и непријатниот мирис од веш машина

Како да ја елиминирате мувлата и непријатниот мирис од веш машина

Дали по перењето облеката ви има непријатна миризба, а во внатрешноста на гумата на веш машината или во преградата за прашок се појавиле црни дамки? За да се решите од оваа непријатна појава сторете го следното.

 

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: ГРЕШКА КОЈА СИТЕ ЈА ПРАВИМЕ: Еве на колку степени треба да се перат алиштата во машина

 

Ќе ви биде потребно:

-течно средство за чистење (пожелно е да содржи хлор)

-сунѓер (кој нема да ви биде жал да го фрлите)

-ракавици

-25 грама лимонтус

Постапка: -Првиот чекор во борбата против мувлата е обично бришење со хартиено марамче на внатрешноста на веш машината за да се решите од насобраната прашина

-Потоа нанесете било какво средство за чистење (пожелно е да содржи хлор) на гумата, по целата површина, рамномерно распоредувајќи го. -Затворете ја вратата и оставете така 2 часа. -По истекувањето на времето, вклучете ја машината на режим „плакнење“, за да се испере средството за чистење.

-Потоа во преградата за прашок сипете го лимонтусот и вклучете ја машината на највисока температура. По оваа процедура, вашата машина ќе светне како да е нова. Повторете ја оваа процедура по потреба за месец дена, за да конечно се ослободите од мувлата.

И не заборавајте дека превентивното одржување значи продолжување на животниот век на вашата веш машина.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje