Vrabotuvanje.com - Како да го намалите чешањето од убод од комарец?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Како да го намалите чешањето од убод од комарец?

Како да го намалите чешањето од убод од комарец?

Чешањето кое се појавува како последица на убодот од комарец не може да исчезне веднаш, па треба да бидете трпеливи. Најважно е да не го чешате зацрвенетото место за не да ја раздразните кожата и да не го зголемите времето на заздравување.

​Откако ќе забележите дека сте каснати од комарец, веднаш измијте го местото со вода и сапун или исчистете го со алкохол. Потоа можете да искористите некој од следниве домашни лекови, кои помалку или повеќе го намалуваат чешањето:

  • Паста од сода бикарбона. Измешајте вода со сода бикарбона за да направите паста, а потоа нанесете малку на зацрвенетото место;
  • Сок од лимон;
  • Јаболков оцет;
  • Алое вера;
  • Паста за заби;
  • Течност за плакнење на устата;
  • Сол. Протријте ја кожата со малку сол и вода;
  • Лушпа од банана. Протријте го „каснатото“ место со внатрешноста на лушпа од зрела банана;
  • Масло од чајно дрво;
  • Мраз.

Дополнително можат да ви помогнат и следниве малку чудни „лекови“:

  • Селотејп. Залепете парче селотејп. Многумина тврдат дека значително го намалува чешањето.
  • Проѕирен лак за нокти. Премачкајте го местото со малку лак за нокти. Но, не го правете ова ако претходно сте си направиле рана со чешање.
  • Сув сапун. Протријте го местото со сув сапун за да почувствувате олеснување.
  • Направете „Х“. Со помош на нокот направете „Х“ врз местото на убодот. Го спречува чешањето веднаш.
  • Плунка. На убоденото место ставете малку од сопствената плунка.

извор: femina.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje