Vrabotuvanje.com - Наскоро Facebook ќе дозволи претплата за пристап во група
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Наскоро Facebook ќе дозволи претплата за пристап во група

Наскоро Facebook ќе дозволи претплата за пристап во група

Наскоро на администраторите на дел од Фејсбук групите ќе им биде дозволено да наплаќаат претплата за пристап до својата група. За почеток ова ќе важи за групи за домаќински работи: родители, готвење и чистење по дома.

Цената што ќе може да ја наплаќаат администраторите е од 4,99 до 29,99 долари месечно. Инаку групите генерално и понатаму остануваат бесплатни.

Од Фејсбук објаснуваат дека новата опција се воведува за да им се овозможи на администраторите на групите, да заработат пари за времето што го трошат на постирање и менаџирање на групите. Надежта на ФБ е дека тие ќе ги искористат парите и за создавање поквалитетни содржини.

За сега Фејсбук нема да зема процент од претплатата. Како дел од стандардните правила за користење на Ап стор и Плеј стор, Епл и Гугл ќе земаат процент од претплатите кои ќе бидат направени преку Иос и Андроид.

извор: off.net.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje