Vrabotuvanje.com - Производителите на играчки со најава за повисоки цени
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Производителите на играчки со најава за повисоки цени

Производителите на едни од најпопуларните детски играчки предупредуваат дека поради глобалната криза со испораката и недостигот на работна рака, оваа божикна сезона подароците за децата ќе бидат поскапи.

Производителите на играчки со најава за повисоки цени

Две од водечките компании во САД во тој сектор, ги советуваат родителите да размислат да купат порано играчки за децата бидејќи испораките ќе им одземат многу повеќе време од вообичаеното.

– Ќе има огромен недостиг на продуктите оваа година. Има побарувачка, но тешко е да одговориме на тие барања, изјави Ајзак Ларијан од MGA Entertainment за Си-ен-Ен Бизнис. Тој додаде дека главната причина за очекуваните повисоки цени се и зголемените цени за транспорт, и го споменува гигантот Maersk како пример.

– Минатата година испораката на еден контејнер беше 3.200 долари. Сега цената е 22.000 долари. Во меѓувреме цените за суровини и труд растат експоненцијално. Само за производство во Кина расходите ни се зголемени за 23 отсто. Тоа ќе се одрази на повисоки продажни цени, нагласува тој.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje